Дубиче (Волково)
„Дубиче“
| |
Местоположба | 42°03′09″N 21°20′48″E / 42.05250° СГШ; 21.34667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Волково |
Општина | Ѓорче Петров |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Дубиче — археолошко наоѓалиште во атарот на скопското село Волково, Македонија.[1]
Претставува некропола од железното време, пронајдена на 500 метри северно од селото, на левата страна од патот за селото Орман. Тука, на блага падина што се спушта кон асфалтниот пат се пронајдени делови од камени плочи од надгробни конструкции. Ова е некропола од постарото железно време (VII-VI век п.н.е.), на која на неколку наврати биле вршени мали археолошки ископувања (во 1952, 1954 и 1962 година).[1]
Откриени се повеќе погребувања во гробови од камени плочи од типот циста, со погребаници и со гробни прилози од керамика, накит и оружје. Некрополата е во голема мера уништена поради интензивната обработка на земјиштето.[1]
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија и во Музејот на Град Скопје.[1]
Поврзано
уреди- Ливада — некропола од римското време;
- Уши — населба од римското време; и
- Црквиште — осамен наод од римското време;
- Волково; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 367. ISBN 9989-649-28-6.