Дрино

река во Албанија и Грција

Дрино (албански: Drino, грчки: Δρίνος) — река во јужна Албанија и Епир, северозападна Грција, притока на Војуша. Извира во северозападниот дел на Јанинскиот округ, близу селото Делвинаки. Најпрвин тече во југозападен правец, а потоа кон северозапад, па ја преминува границата кај Арништа (Ктисмата). Во Албанија продолжува во северозападен правец низ градот Ѓирокастро и се влева во Војуша кај Тепелена.

Дрино
Дрино кај Ѓирокастро
Изворно имеDrino / Δρίνος
Местоположба
ЗемјиАлбанија и Грција
Физички особености
Извор 
 • местоЈанински округ, Грција
Устие 
 • место
Војуша
 • координати
40°17′12″N 20°2′32″E / 40.28667° СГШ; 20.04222° ИГД / 40.28667; 20.04222
Должина85 км
Големина на сливот1320 км2[1]
Особености на сливот
ТечениеВојушаЈадранско Море

Во етимолошки поглед, името Дрино е со ист корен како имињата на реките Дрим и Дрина.

Наводи

уреди
  1. „Rivers of Europe“. researchgate.net. стр. 3.

Надворешни врски

уреди