Дреновца
Дреновца — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Дреновца | |
---|---|
Местоположба на Дреновца во Пиринска Македонија | |
Координати: 41°26′0″N 23°6′0″E / 41.43333° СГШ; 23.10000° ИГД | |
Држава | Бугарија |
Област | Благоевград |
Општина | Петрич |
Надм. вис. | 398 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 13 |
Час. појас | EET |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 13 километри западно од градот Петрич, во планински регион. Селото се наоѓа на надморска висина од 398 метри.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Дреновци. Во истата година, во селото живееле 4 муслимански семејства и 17 христијански семејства[1].
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреновца (Drenovtza) е село со 20 семејства и 55 Македонци[2][3].
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци[2][4].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Наводи
уреди- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.630 – 631.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150-151.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.