Дракула (филм од 1992)
Дракула на Брам Стокер (англиски: Bram Stoker's Dracula) — американски филм на ужасите од 1992 година, во режија на Френсис Форд Копола. Главните улоги ги толкуваат: Ентони Хопкинс, Кијану Ривс, Гери Олдман, Винона Рајдер, Том Вејтс, Моника Белучи итн. Филмот е снимен според истоимениот роман на Брам Стокер. На разни фестивали, филмот добил вкупно 15 награди, а имал уште 15 номинации. Меѓу нив, во 1993 година, филмот освоил три Оскар награди, и тоа во категориите: најдобра костимографија, најдобри ефекти и најдобра шминка.[1]
Содржина
уредиМладиот адвокат Џонатан Харкер (го игра Ривс) заминува на службен пат во мало зафрлено село во Источна Европа, каде е заробен од вампирот Дракула (го игра Олдман). Дракула е воодушевен од фотографијата на свршеницата на Харкер, Мина Мареј (ја игра Рајдер) и заминува во Лондон во потрага по неа. Таму, тој започнува да сее страв и терор при што постепено ја цица крвта на другарката на Мина, Луси. Сепак, пријателите на Луси, предводени од професорот Ван Хелсинг (го игра Хопкинс) започнуваат борба против вампирот.[2]
Наводи
уреди- ↑ IMDb, Dracula (1992) (пристапено на 5.2.2015)
- ↑ Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 15.