Монтевидео, Бог те видео!

(Пренасочено од Монтевидео, Бог те видео)

„Монтевидео, Бог те видео!“ е српски филм од 2010. Филмот е режисерски првенец на српскипт глумец Драган Бјелогрлиќ работен по сценарио на Срѓан Драгоевиќ и Ранко Бочиќ. Сценариото е напишано по истоимената книга на спортскиот новинар Владимир Станковиќ и говори за големиот успех на кралството Југославија на светското првенство во фудбал одржано во Уругвај 1930 година. Филмот се состои од два дела (односно две приказни), а од снимениот материјал е направена и ТВ серија од 15 епизоди. Снимено е и продолжение: Се гледаме во Монтевидео.

„Монтевидео, Бог те видео!“
РежисерДраган Бјелогрлиќ
СценаристСрѓан Драгоевиќ
Ранко Бочиќ
Главни улогиМилош Биковиќ
Петар Стругар
Нина Јанковиќ
Дафина Јевтиќ
Драган Николиќ
МузикаМањифико
Премиера21 декември 2010
Времетраење140 минути
Земја Србија
Јазиксрпски
Бруто заработка$2,192,931 (Србија)

Ликови

уреди

Александар Тирнаниќ - Тирке (Mилош Биковиќ) е момче од населбата Чубура, кое е приморано да избере помеѓу работа во фабрика и фудбал. Тој го одбира второто. Природниот фудбалски талент од чубурската калдрма го внесува во клубот БСК, каде се запознава со Моша Марјановиќ. Тие двајца стануваат пријатели и легендарен тандем. И покрај тоа што е мангуп, Тирке е амбициозен, праведен и пред се, со чиста душа.

Благоје-Моша Марјановиќ (Петар Стругар) е дел од фудбалската екипа БСК, единствен професионалец, платен за секој гол. Се облекува во нови модни трендови, вози Форд Т, се движи во елитни ноќни клубови, каде што ја запознава либералната и слободоумна Валерија.

Валерија (Нина Јанковиќ) е ексцентрична белградски уметник и сликар, член на белградската елита. Таа е чест посетител на Џокеј клуб. Станува девојка на Моша, но сплетот на околностите ја води до Тирке. Тогаш чистата душа ќе биде ставена на искушение.

Роса (Дафина Јевтиќ) е љубезна и простодушна линост, роднина на Рајко и Ѓурѓа. Таа доаѓа во нивната кафеана за да им помогне. Роса ќе го привлече вниманието на младиот Тирке.

За филмот

уреди

Главната тема на филмот е историскиот успех на југословенската репрезентација на првото светско фудбалско првенство, одржано во Монтевидео во 1930 година, каде таа се закитила со бронзен медал. Тоа се случило од крајот на 1929 година до почеток на септември 1930 година, кога по 75-дневната авантура, фудбалерите триумфално пристигнале во Белград. На железничката станица, тие биле дочекани од преку 5 000 навивачи, кои ги носеле по Балканската улице сè до Теразије.