Домашна работа (филм)
филм на браќата Манаки од 1905 г.
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Домашна работа (Предилки) — краток, нем и црно-бел документарен филм на балканските пионери браќа Милтон и Јанаки Манаки направен во 1905 година во Авдела со времетраење од 1 минута. Првично бил именуван „Нашата 114 годишна баба Деспина ткае“ Филмот е снимен во стандард црно-бела техника, без звук, 35мм филм преку !„Ворик биоскоп“ модел 300 (Warwick Bioscope) увезен од Лондон. Се смета за првиот филм направен на Балканот.[1]
„Домашна работа (Предилки)“ | |
---|---|
кадар од филмот | |
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1905 |
Времетраење | 1 мин |
Земја | Османлиско Царство |
Кратка содржина
уредиПред семејната куќа во родната Авдела, Гребенско, во тогашниот Битолски вилает во два кадра, се снимени група жени, меѓу кои тетките на браќата Манаки и нивната 114 годишна баба Деспина, како подготвуваат волна за предење.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Извадок од филмот на YouTube.