Долношлеско Војводство
Долношлеско Војводство (полски: województwo do)nośląskie) — војводство во југозападна Полска, наречено по историската област Долна Шлеска.
Долношлеско Војводство województwo dolnośląskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Долношлеското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Вроцлав | ||
Површина | |||
• Вкупно | 19.946,74 км2 (770,148 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 2.908.457 | ||
• Густина | 150/км2 (400/ми2) | ||
• Градскo | 2.047.151 | ||
• Селско | 837.097 | ||
Рег. таб. | D | ||
Мреж. место | umwd.pl | ||
|
Војводството било дел од средновековната полска држава под водство на династијата Пјасти. По смррта на кнезот Болеслав III Кривоустиот во 1138 г. државата почнала да се раздвојува на делови. Шлеска станала полска покраина како кнежевство, но подоцна се расцепкало на мали кнежевства под власта на кнезови од семејството Пјасти. Во овој период стапило германското влијание, поради доселувањето на население од германските краишта на Светото Римско Царство. Ова оставило белег на архитектурата, обичаите и кујната. Сепак, Долна Шлеска останала и центар на полската култура. Тука е напишан ракописот кој ја содржи првата позната реченица на старополски јазик (Хенрикувска книга, XIII век), како и првата печатена книга на полски (Statuta synodalia Episcoporum Wratislaviensis, 1475), обете изложени во Вроцлав. Злоторија е најстариот град во Полска, прогласен со повелба на кнезот Хенрик Брадестиот (XII-XIII век). Низ вековите, Долна Шлеска доживеала редица епохални настани како протестантската реформација, Шлеските војни, индустријализацијата и двете светски војни.
Долна Шлеска се вбројува меѓу побогатите краишта во Полска поради значајните природни ресурси како бакарот, лигнитот и други камени материјали кои ги исползуваат најголемите претпријатија, како и развиено стопанство во разни други гранки.[1]
Седиштето Вроцлав е сместено на реката Одра. Градот е меѓу најголемите и најважните во Полска. Тука, како и во Тшебница, се гробниците на полските владетели. Војводството има многубројни замоци и дворци и ужива голема посетеност.
Историја и географија
уредиСоздадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Вроцлавско, Легњичко, Валбжишко и Јелењогурско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Зафаќа површина од 19.946 км2 и има 2.908.457 жители (2014).
Војводството е претежно низинско, со исклучок на повисоките делови по кои продолжуваат Судетите што се протегаат долж полско-чешката граница. Мошне посетени се скијачките места како Карпач и Шкаларска Поремба на венецот Карконоше. Други попосетени места се Вроцлав, Јелења Гура и Легњица. Градот Болеславјец е познат по Болескавечката керамика.
Во Долна Шлеска има голем број бањски лекувалишта: Ќеплице Шлонске-Здруј, Длугополе-Здруј, Душњики-Здруј, Једлина-Здруј, Кудова-Здруј, Лондек-Здруј, Полањица-Здруј, Пшежечин-Здруј, Шчавно-Здруј, Швјерадув-Здруј.
Долношлеското Војводство се граничи со Лубушкото Војводство на северозапад, Големополското на североисток, Ополското на југоисток, Чешка на југ и Германија (Саксонија) на запад.
Градови и гратчиња
уредиВојводството има 91 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]
- Вроцлав (631.188)
- Влабжих (119.955)
- Легњица (102.708)
- Јелења Гура (83.097)
- Лубин (74.886)
- Глогув (69.608)
- Швидњица (60.213)
- Болеславјец (40.837)
- Олешњица (36.951)
- Ѓержоњув (34.678)
- Згожелец (32.925)
- Бјелава (31.219)
- Олава (30.908)
- Клоѕко (28.249)
- Јавор (24.347)
- Нова Руда (24.261)
- Швјебоѓице (23.126)
- Полковице (22.279)
- Лубањ (22.137)
- Камјена Гура (21.440)
- Богатиња (19.068)
- Стшегом (16.782)
- Богушув-Горце (16.687)
- Злоторија (16.503)
- Зомбковице Шлонске (16.242)
- Јелч-Ласковице (15.196)
- Хојнув (14.389)
- Бжег Долни (12.786)
- Гура (12.574)
- Волув (12.286)
- Стшелин (12.192)
- Тшебњица (12.180)
- Милич (12.004)
- Ковари (11.824)
- Сицув (10.712)
- Бистшица Клоѕка (10.638)
- Кудова-Здруј (10.204)
- Лвувек Шлонски (9.687)
- Пјешице (9.490)
- Жембице (9.234)
- Шрода Шлонска (8.800)
- Оборњики Шлонске (8.426)
- Хоќанув (8.215)
- Грифув Шлонски (7.128)
- Шкларска Поремба (7.094)
- Глушица (6.999)
- Жарув (6.902)
- Полањица-Здруј (6.900)
- Твардогура (6.866)
- Собутка (6.780)
- Пилава Гурна (6.779)
- Жмигруд (6.573)
- Пшемкув (6.551)
- Лубавка (6.529)
- Пјеховице (6.494)
- Строње Шлонске (6.246)
- Лондек-Здруј (6.181)
- Шќинава (5.934)
- Плењск (5.799)
- Шчавно-Здруј (5.506)
- Конти Вроцлавске (5.418)
- Болкув (5.380)
- Јавожина Шлонска (5.240)
- Шчитна (5.234)
- Једлина-Здруј (5.116)
- Душњњики-Здруј (5.113)
- Бјерутув (5.066)
- Карпач (5.063)
- Олшина (4.786)
- Лешна (4.752)
- Швјерадув-Здруј (4.554)
- Мјерошув (4.515)
- Завидув (4.412)
- Мирск (4.136)
- Новогроѓец (4.055)
- Војќешув (3.940)
- Шехњице (3.851)
- Проховице (3.702)
- Њемча (3.121)
- Вонглињец (3.072)
- Злоти Сток (2.930)
- Бардо (2.860)
- Вонсоч (2.828)
- Мјенѕилеше (2.776)
- Радкув (2.460)
- Швјежава (2.439)
- Мјенѕибуж (2.356)
- Вјонзув (2.230)
- Прусице (2.203)
- Влењ (1.884)
- Лубомјеж (1.818)
Управна поделба
уредиЗападнопоморското Војводство е поделено на 30 округ, од кои 4 се градски, а 26 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 169 општини.
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2014) |
Седиште | Други градови | Општини |
Градски окрузи | |||||
Валбжих Wałbrzych |
84,70 | 117.264 | 1 | ||
Вроцлав Wrocław |
293 | 633.105 | 1 | ||
Јелења Гура Jelenia Góra |
109,22 | 81.640 | 1 | ||
Легњица Legnica |
56,29 | 101.768 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Болеславјечки powiat bolesławiecki |
1.303м26 | 90.295 | Болеславјец | Новогроѓец | 6 |
Валбжишки powiat wałbrzyski |
430,22 | 57.620 | Валбжих * | Богушув-Горце, Глушица, Шчавно-Здруј, Једлина-Здруј, Мјерошув | 9 |
Волувски powiat wołowski |
675 | 47.475 | Волув | Бжег Долни | 3 |
Вроцлавски powiat wrocławski |
1116,15 | 129.576 | Вроцлав * | Собутка, Конти Вроцлавске, Шехњице | 9 |
Ѓержоњувски powiat dzierżoniowski |
478,34 | 104.285 | Ѓержоњув | Бјелава, Гола Ѓержоњовска, Њемча, Пјешице, Пилава Гурна | 7 |
Глогувски powiat głogowski |
443,06 | 90.194 | Глогув | 6 | |
Гурски powiat górowski |
738,11 | 36.321 | Гура | Вонсоч | 4 |
Згожелечки powiat zgorzelecki |
838,11 | 92.799 | Згожелец | Богатиња, Пјењск, Завидув, Венглињец | 7 |
Злоториски powiat złotoryjski |
575,45 | 44.893 | Злоторија | Војшеќув, Швјежава | 6 |
Зомбковички powiat ząbkowicki |
801,75 | 67.614 | Зомбковице Шлонске | Жембице, Злоти Сток, Бардо | 7 |
Јаворски powiat jaworski |
581,25 | 51.949 | Јавор | Болкув | 6 |
Јелењогурски powiat jeleniogórski |
628,21 | 65.069 | Јелења Гура * | Ковари, Шкларска Поремба, Пјеховице, Карпач | 9 |
Камјеногурски powiat kamiennogórski |
396,13 | 44.824 | Камјена Гура | Лубавка | 4 |
Клоцки powiat kłodzki |
1643,37 | 164.155 | Клоѕко | Нова Руда, Бистшица Клоѕка, Кудова-Здруј, Полањица-Здруј, Строње Шлонске, Лондек-Здруј, Шчитна, Душњики-Здруј, Мјенѕилеше, Радкув | 14 |
Лвувечки powiat lwówecki |
709,94 | 47.120 | Лвувек Шлонски | Грифув Шлонски, Мирск, Влењ, Лубомјеж | 5 |
Легњички powiat legnicki |
744,60 | 54.929 | Легњица * | Хојнув, Проховице | 8 |
Лубањски powiat lubański |
428,30 | 55.919 | Лубањ | Олшина, Лешна, Швјерадув-Здруј | 7 |
Лубински powiat lubiński |
711,99 | 106. | Лубин | Шќинава | 4 |
Милички powiat milicki |
715,01 | 37.286 | Милич | 3 | |
Олавски powiat oławski |
523,73 | 75.869 | Олава | Јелч-Ласковице | 4 |
Олешњички powiat oleśnicki |
1049,74 | 106.167 | Олешњица | Сицув, Твардогура, Бјерутув, Мјенѕибуж | 8 |
Полковички powiat polkowicki |
779,93 | 63.185 | Полковице | Хоќанув, Пшемкув | 6 |
Стшелински powiat strzeliński |
622,27 | 44.322 | Стшелин | Вјонзув | 5 |
Тшебњички powiat trzebnicki |
1025,55 | 83.176 | Тшебњица | Оборњики Шлонске, Жмигруд, Прусице | 6 |
Швидњички powiat świdnicki |
742,89 | 160.658 | Швидњица | Швјебоѓице, Стшегом, Жарув, Јавожина Шлонска | 8 |
Шродски powiat średzki |
703,68 | 52.543 | Шрода Шлонска | 5 | |
* седиштето не е дел од округот |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Past and Present Regions of Poland - Lower Silesia“. Архивирано од изворникот на 2016-07-20. Посетено на 10 March 2017.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-05. Посетено на 2008-05-05.
Надворешни врски
уреди„Долношлеско Војводство“ на Ризницата ? |
- Долношлеско Војводство — официјално мрежно место
- Управа на Долна Шлеска