Згожелечки Округ
Згожелечки Округ (полски: powiat zgorzelecki) — округ во Долношлеското Војводство, Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Се наоѓа во крајниот југозапад на земјата, на тромеѓата со Германија и Чешка. Седиште е Згожелец, сместен на границата со Германија; други градови се Богатиња, Пјењск, Завидув и Венглињец.
Згожелечки Округ Powiat zgorzelecki | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Местоположба во војводството | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Долношлеско | ||
Седиште | Згожелец | ||
Општини | |||
Површина | |||
• Вкупно | 838,11 км2 (32,360 ми2) | ||
Население (2019[1]) | |||
• Вкупно | 89.612 | ||
• Густина | 1,1/км2 (2,8/ми2) | ||
• Градскo | 60.664 | ||
• Селско | 28.948 | ||
Рег. таб. | DZG | ||
Мреж. место | powiat.zgorzelec.pl |
Округот зафаќа површина од 838,1 км2 и во 2019 г. броел 89,612 жители. Најнаселени градови се Згожелец (30.374) и Богатиња (17.436).
Соседни места
уредиЗгожелечкиот Округ се граничи со Жарскиот и Жагањскиот на север и Болеславјечкиот и Лубањскиот на исток. На југ Чешка (округот Либерец), а на запад со Германија (округот Герлиц).
Административна поделба
уредиОкругот се дели на седум општини од кои све се градски, три се градско-селски и две се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
Општина | Вид | Површина (км2) |
Население (2019) |
Седиште |
Згожелец | градска | 15,9 | 30.374 | — |
Богатиња | градско-селска | 136,2 | 23.083 | Богатиња |
Пјењск | градско-селска | 110,3 | 9.068 | Пјењск |
Згожелец | селска | 136,0 | 8.504 | Згожелец* |
Венглињец | градско-селска | 338,4 | 8.351 | Венглињец |
Суликув | селска | 95,2 | 6.052 | Суликув |
Завидув | градска | 6,1 | 4.180 | — |
* седиштето не е дел од општината |
Наводи
уреди- ↑ „Population. Size and structure and vital statistics in Poland by territorial division in 2019. As of 30th June“. stat.gov.pl. Statistics Poland. 15 ноември 2019. Посетено на 14 февруари 2020.
Надворешни врски
уреди- Згожелечки Округ на Ризницата ?
- Портал на Згожелечкиот Округ Архивирано на 25 јануари 2021 г. (полски)