Долги Грм (Слатино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Долги Грм

Карта

Местоположба 42°4′4″N 21°2′15″E / 42.06778° СГШ; 21.03750° ИГД / 42.06778; 21.03750
Основни податоци
Место Слатино
Општина Теарце
Тип

 вила рустика


Период римско време
Портал „Археологија“

Долги Грмархеолошко наоѓалиште во тетовското село Слатино. Претставува вила рустика од римско време. Се наоѓа во месноста „Св. Недела“, оддалечена 2,5 км југоисточно од селото, на патот што води за селото Ратае. На овој простор со археолошките ископувања во 1953/54 година бил откриен квалитетно граден објект со 4 простории од кои во едната имало префурниум и хипокаустна конструкција под подот, како и одводен канал. Веројатно се работи за луксузна бања со траги од ѕидна декорација во рамките на една богата вила рустика. Најдени се садови убаво и грубо работени, две геми и друг градежен материјал.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069