Договор од Трабзон
Трабзонската мировна конференција се одржала во периодот од март до април 1918 година во Трабзон меѓу делегациите на Високата порта и Закавкаскиот комитет.
Мировниот договор од Ерзинџан потпишан од руски и турски дипломати го ставил крајот на вооружениот конфликт меѓу Русија и Отоманското Царство во Персиската кампања и Кавкаската кампања. Примирјето било проследено со Брест-Литовскиот договор од 3 март 1918 година меѓу Русија и Централните сили кога Русија се повлекла од Првата светска војна. Но границите меѓу Закавказјето и Високата Порта сѐ уште не биле договорени.
На конференцијата османлиската делегација на чело со Енвер Паша предложил да се предадат сите освоени територии на Кавказ во замена на признавање на османлиските територии во Источна Анадолија. Но закавкаските делегати тоа го одбиле по кое следувале дополнителни конфликти. На 11 мај започнала нова мировна конференција во Батум. На оваа конференција Османлиите ги прошириле своите барања, односно кон нејзините територии да се присоединат Тифлис, Александропол и Ечмијаѕин. По неуспехот, турската војска се обрнала кон Руска Ерменија по кое следувале неколку битки (Сардарпат, Капа Кужилис, Абаран). На 4 јуни Првата ерменска република била принудена да го потпише договорот од Батум.