Договорот од Батум — мировен договор склучен помеѓу Отоманското Царство и трите кавкаски земји: Ерменија, Азербејџан и Грузија. Договорот бил склучен на 4 јуни 1918 година[1][2].

Договор од Батум
ТипМировен договор
Потпишан4 јуни 1918
МестоБатуми, денешна Грузија
Условратификација
ПотписнициОсманлиско Царство Отоманско Царство
Ерменија Ерменија
Азербејџан Азербејџан
Грузија Грузија
Договорот од Батум

Мировната конференција била отворена на 11 мај во Батуми. На оваа конференција Османлиите ги прошириле своите барања, односно кон нејзините територии да се присоединат Тифлис, Александропол и Ечмијаџин. По неуспехот, турската војска се обрнала кон Руска Ерменија по кое следувале неколку битки (Сардарпад, Кара Килис и Абаран). На 4 јуни Првата ерменска република била принудена да го потпише договорот од Батум.

Наводи

уреди
  1. Charlotte Mathilde Louise Hille (2010), State Building and Conflict Resolution in the Caucasus, BRILL, стр. 71, ISBN 978-9-004-17901-1
  2. Alexander Mikaberidze (2011), Conflict and Conquest in the Islamic World, ABC-CLIO, стр. 201, ISBN 978-1-598-84337-8