Добово

историско село во Горна Река, Општина Маврово и Ростуше

Добово — историско село во Западна Македонија, на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Добово
Добово во рамките на Македонија
Добово
Местоположба на Добово во Македонија
Добово на карта

Карта

Координати 41°43′21″N 20°40′0″E / 41.72250° СГШ; 20.66667° ИГД / 41.72250; 20.66667
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Горна Река, западно над сливот на Радика и Мавровска Река.

Историја

уреди

На крајот на XIX век Добово било албанско муслиманско село во Реканската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добово (Dobovo) било село со 20 домаќинства од вкупно 46 Албанци муслимани.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабово е претставено како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 19 куќи.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Д'бово имало 24 Арнаути христијани и 90 Арнаути муслимани.[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 176 – 177.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 264. ISBN 954430424X.

Надворешни врски

уреди