Длабоко грло (филм од 1972)

Длабоко грло (англиски: Deep Throat) - американски порнографски филм од 1972 година, во режија на Џерард Дамијано. Главната улога ја толкува Линда Лавлејс.

За филмот

уреди

„Длабокот грло“ е филм без естетски и политички амбиции, но неговиот шарм се должи на валканиот, но луциден хумор, на визуелната досетливост и на оригиналната музичка подлога. Филмот започнал да се прикажува во една кино-сала за возрасни, на Менхетен, без никаква реклама, но усните препораки придонеле за голема популарност на филмот, кој почнал да се прикажува и во редовните кино-сали, иако бил забранет во поголемиот дел од САД и во многу земји во светот. Со текот на времето се појавиле критики и анализи во специјализираниот филмски печат, а филмот станал глобален културен и општествен феномен и станал предводник на златната ера на порнографските филмови. Големото значење на овој филм се состои во тоа што поттикнал бројни општетсвени дебати за сексуалните слободи, за слободата на уметничкото изразување, за цензурата, за односите меѓу филмот и популарната култура и за други теми. Исто така, голем број познати личности (Труман Капоти, Френк Синатра, Џек Николсон, Мартин Скорсезе, Брајан де Палма, Ворен Бити) отворено признале дека го гледале овој филм. Филмот бил снимен со буџет од 25.000 долари, а се проценува дека донел вкупна заработка од над 100 милиони долари, кои завршиле кај мафијата која била директно вклучена во продукцијата и дистрибуцијата на филмот.[1]

Наводи

уреди
  1. Ѓорѓи Јаневски, „Само за возрасни“, Економија и бизнис, година XX, број 239, четврток, мај 2018, стр. 106-107.