Виол или виола да гамба — шестжичен музички инструмент кој бил популарен сè до XVIII век кога го потиснала виолината. Не треба да го мешаме со виолата.

Бас-виол на слика на Холанѓанецот сер Петер Лели, 1640

Особености

уреди

Сите инструменти се свиреле со гудало, иако имале прагови како гитарата. Три најголеми виоли, требл, тенор и бас, се држеле меѓу колена (т.н. „виоли за нозе“, од италијански јазик viola da gamba.[1]). Некои делови на виол-бас биле исти како кај виолончелото, на пример, звучни отвори на телото од инструментот во вид на мала латинична буква „-{f}-“, но отворите кај другите виола биле и во форма на латинската буква „с“.[2]

Наводи

уреди
  1. -{stringed instrument. (2009). In Encyclopædia Britannica, from Encyclopædia Britannica Online}-: -{Encyclopædia Britannica. 2009}-
  2. Ардли Нил. 2005. Енциклопедија свезнање: „Музика“. Књига-комерц: Београд. ISBN 86-7712-126-9

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди