Енеја — лик во старогрчката митологија и римската митологија, принц од Троја. Неговот име значи: „вреден за пофалба“. Тој бил син на тројанскиот великодостојник Анхиз и божицата Афродита. По Хектор, тој бил најголемиот тројански јунак, а по пропаста на Троја, долго време скитал со своите луѓе и најпосле се населил во Италија. Во римската митологија, тој е предок на Ромул и Рем.[1]

Енеја бегајќи од Троја, слика на Федерика Бароција од 1598 година

Биографија

уреди

Според шестото пеење на „Енеидата“, Енеја успеал жив да слезе во подземниот свет. Нему господ му дал посебна чест, зашто го одредил да биде основач на Рим. Имено, кога слегол во подземниот свет, Енеја дознал од татко му Анхис дека, откако ќе го победи рутулскиот крал Турно и ќе се ожени со Лавинија, ќе стане предок на едно славно племе кое ќе го основа Рим. Енеја имал ќерка Силвија.[2]

Наводи

уреди
  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 165.
  2. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 14.