Димо Шилков
Димо Павлев Шилков ( 1926 во Љубанци, Скопско — 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од изразито сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство. На 12 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистите кои вршеле притисок на Скопска Црна Гора. Учествувал и во уништувањето на балистичките банди и нивното разоружување на Косово. По ослободувањето на Македонија со XV македонски корпус учествувал во завршните борби за ослободување на земјата. При пробивот на Сремскиот фронт, во април 1945 година, бил ранет кај Врпоље. Бил пренесен во болница, која подоцна бил заробена од силни германски и усташки сили. Заедно со другите ранети борци бил ѕверски убиен. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]