Железниот свеќник
Железниот свеќник е историски роман и првата книга од тетралогијата на Димитар Талев ("Железниот свеќник", "Илинден", "Преспанските камбани", и "Гласовете ви ги слушам").
Автор | Димитар Талев |
---|---|
Изворен наслов | Железният светилник |
Земја | Бугарија |
Јазик | бугарски |
Жанр | историски роман |
Издадена | 1952 |
Страници | 512 |
Романот е објавен во 1952 година. Во него се зборува за бугарските борби за политчка и црковна независност. Талев пишува романот, во време кога неговото семејство и тој самиот се иселени во Луковит.
Композиција
уреди"Железниот свеќник" се сосоти од 4 дела:
- "Хаџи Серафимовата внука"
- "Во темни времиња"
- "Народ се буди"
- "Корени и гранки"
Содржина
уредиРоманот е заснован во измислениот град Преспа (крстен на областа Преспа, но всушност родниот град на Талев е Прилеп) и ја следи судбината на едно типично бугарско преродбенско семејство. Се концентрира претежно врз фигурата на Лазар Глаушев (за негов прототип е користен познатиот бугарски духовник Методиј Кусев) и неговата улога во борбата против фанариотите и напорите повеќето преспанци за воспоставување на бугарска црква.
Во романот Талев опишува реална случка на црковен бунт на Кусев против грчки свештеници уште во младоста во Прилеп.[1]