Димитар Ковачев Белдедов

Димитар Иванов Ковачев Белдедов (бугарски: Димитър Иванов Ковачев Белдедов; Берово, 1870Ќустендил, 1945) — учител и политичар. Семејството на Иван Мицов Белдедов (татко на Димитар), коџабашија на Берово, по создавањето на бугарската држава (1878) се преселува во Ќустендил, каде отвора ан „Белдедо“. Димитар го завршува Ќустендилското педагошко училиште и одреден период работи како учител, потоа се запишува на студии по математика во Високото училиште во Софија, а откако ги завршува се вработува како учител по математика во женската гимназија во Ќустендил. Тој е член на Обединетата народно-прогресивна партија, основана во 1920 година. Димитар Ковачев е кмет на Ќустендил од 10 април 1921 до 14 ноември 1922 година. Од 1923 година одново работи како учител, а по четири години се пензионира. Истовремено со учителствувањето, Димитар десетина години раководи со метеоролошката станица во Ќустендил.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедичен речник Кюстендил (А-Я). София: Издателство на БАН. 1988. стр. 300.
  2. Георгиев, Сталин (2003). Кметовете на Кюстендил (1878–2003 г.). Кюстендил. стр. 64–65.