„Детство“ (руски: Детство) е книга од Лав Толстој. Тоа е првото книжевно дело на Толстој, објавено во 1852 година.

Детство
Толстој и неговите внуци, ок. 1909
АвторЛав Толстој
Изворен насловДѣтство
ЗемјаРусија
ЈазикРуски
ИздавачСовременик
Издадена
1852
Страници358 стр.
ISBN978-1-84749-142-8
СледнаМомчештво 

Изданија на македонски јазик

уреди

Книгата е објавена во 1966 година од книгоиздавателството „Кочо Рацин“, во рамките на библиотеката „Златна клупа“, а преводот на македонски јазик го извршил Александар Ежов. Книгата има 180 страници и испечатена е во печатницата „Нова Македонија“ од Скопје, во јуни 1966 година, а во тираж од 10.000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Ликовното уредување на корицата и внатрешните илустрации се дело на Јован Петров, а техничкото уредување го извршил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Драга Стефанова.[1]

Содржина

уреди

Краткиот роман „Детство“ има автобиографски карактер. Книгата се состои од 28 поглавја, и тоа:[2]

  • Глава I: Учителот Карл Иванич
  • Глава II: MAMAN
  • Глава III: ПАПА
  • Глава IV: Часовите
  • Глава V: Божјакот
  • Глава VI: Подготовките за на лов
  • Глава VII: Ловот
  • Глава VIII: Игрите
  • Глава IX: Нешто како прва љубов
  • Глава X: Каков човек беше татко ми?
  • ГлаваXI: Занимавањата во кабинетот и во гостинската соба
  • ГлаваXII: Гриша
  • ГлаваXIII: Наталја Савишна
  • ГлаваXIV: Разделбата
  • Глава XV: Детството
  • Глава XVI: Стиховите
  • ГлаваXVII: Кнегиња Корнакова
  • ГлаваXVIII: Кнез Иван Иванич
  • Глава XIX: Ивини
  • Глава XX: Се збираат гостите
  • ГлаваXXI: Пред мазурката
  • ГлаваXXII: Мазурката
  • ГлаваXXIII: По мазурката
  • ГлаваXXIV: Во постелата
  • Глава XXV: Писмото
  • Глава XXVI: Што нè чекаше в село
  • Глава XXVII: Жалоста
  • Глава XXVIII: Последни тажни спомени

Наводи

уреди
  1. Л. Н. Толстој, Детство, Скопје: Кочо Рацин, 1966.
  2. Л. Н. Толстој, Детство, Скопје: Кочо Рацин, 1966.