Клисура (географија)
(Пренасочено од Дервен)
Клисура (латински: clausura), кланец[1] или дервен[2] – тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.[3]
Клисури настануваат под дејство на флувијалната или речна ерозија. Клисурите се долини во речните текови кои настануваат со селективна ерозија на карпите, така што просторите со потврди карпи се стрмни и тесни.[4] Кај нас постојат бројни клисури — Дреновска, Демиркаписка, Бродска, Скочивирска и др.
Доколку клисурите се протегаат во помала должина тогаш се именуваат како сатески, се јавуваат во композитни долини на големи реки.
Галерија
уреди-
Поглед на Скочивирската Клисура
-
Дебарското Езеро во Дримколската Клисура помеѓу падините на Стогово и Караорман на исток (лево) и Јабланица на запад (десно)
-
Реката Раец во Дреновската Клисура
-
Поглед на реката Вардар во Таорската Клисура
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „кланец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „дервен“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „клисура“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Димитров, Никола; Котески, Цане (2015). ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. ISBN 978-608-244-216-7. Посетено на 14 мај 2019.