Ден на галисиската книжевност

Денот на галисиската книжевност (галисиски: Día das Letras Galegas) е јавен празник кој се слави во Галисија, Шпанија.[1] На овој ден, кој беше воспоставен од страна на Кралската галисиска академија (галисиски: Real Academia Galega) во 1963 година, се чествува галисискиот јазик и неговата книжевност. Прославата секоја година се одржува на 17. мај. Во 1991 година, Денот на галисиската книжевност е прогласен за јавен празник во цела Галисија.

Првата прослава во 1963 година ја одбележа стогодишнината од објавувањето на „Галисиски песни“ (галисиски: Cantares gallegos) од Розалија де Кастро (1837 - 1885), првото дело на галисиски јазик. Де Кастро е еден од најважните поети во Галисија. „Галисиски песни“ е објавена на 17. мај 1863 година.

Денот на галисиската книжевност секоја година е посветен на различен писател кој творел на галисиски јазик. Посветувањето е само на автори кои починале пред повеќе од 10 години пред годината кога се чествуваат, а изборот го прави Кралската галисиска академија. Единствено во еден случај, Денот на галисиската книжевност беше посветен на заедничко чествување на повеќемина автори—во 1998 година заедно беа прославени делата на Мартин Кодаш, Жуан де Кангас и Мендињо. Овие поети беа избрани како претставници на средновековната литература (кантиги).

Наводи уреди

  1. „Letras Gal-Historia - Real Academia Galega“. academia.gal (галициски). Архивирано од изворникот на 2019-09-12. Посетено на 2020-05-17.