Логан (планина)
Логан (англиски: Mount Logan) — планина во венецот Свети Илија, највисока во Канада и втора по висина во Северна Америка (по Макинли). Наречена е во чест на геологот Вилијам Едмонд Логан — основач на Геолошката служба на Канада (GSC). Се наоѓа во состав на националниот парк Клуејн[3] во југозападен Јукон и претставува почетно место за ледниците Хабард и Логан. Се смета дека оваа планина има најголема обиколка на основата од сите невулкански планини во светот (многу штитести вулкани се доста поголеми и помасивни). Опфаќа 11 врвови повисоки од 5.000 м.[4][5] Највисоката точка се издига 5.959 м[4]
Логан Mount Logan | |
---|---|
Поглед на Логан од југоисток | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5.959 м |
Истакнатост | 5.250 м [2] |
Матичен врв | Макинли[1] |
Координати | 60°34′02″N 140°24′10″W / 60.56722° СГШ; 140.40278° ЗГД |
Географија | |
Место | Јукон, Канада |
Матичен венец | Свети Илија |
Топокарта | NTS 115B |
Искачување | |
Прво освојување | 1925 од А.Х. Макарти и др. |
Најлесен пат | искачување по ледник/снег/мраз |
Поради активното тектонско надигање, Логан и понатаму продолжува да расте во висина.
Планината се одликува со крајно ниски температури. На висорамнината на 5.000 м, температурата на воздухот изнесува околу -45 °C зиме и речиси 0 °C лете. Средна температура во текот на годината изнесува -27 °C. Снегот речиси и да не се топи, па затоа капата е многу дебела (наместа до 300 м).[5]
Логан за првпат е освоен на 23 јуни 1925 г. од експедиција во следниов состав: Алберт Х. Макарти (водач), Х.Ф. Ламбарт, Ален Карпе, В.В. Фостер, Н. Рид и Енди Тејлор.[5][6]
Врвови
уредиМасивот на Логан ги опфаќа сите околни врвови со истакнатост помала од 500 м:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Mount Logan“. Peakbagger.com. Посетено на August 27, 2010. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 "Mount Logan". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=14. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ „Kluane National Park and Reserve of Canada“. Parks Canada. Посетено на August 1, 2010.
- ↑ 4,0 4,1 „Mount Logan“. Geological Survey of Canada. Архивирано од изворникот на 2012-09-21. Посетено на April 12, 2007.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Mount Logan: Canadian Titan“. Virtual Museum of Canada. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на September 18, 2008.
- ↑ „Conquering Mount Logan“. Parks Canada. Посетено на April 12, 2007.
- ↑ "Philippe Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=18352. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Logan East Peak (Stuart Peak)". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=15754. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Houston's Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=15875. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Prospector Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16893. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "AINA Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=15003. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Russell Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16931. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Tudor Peak (Logan North Peak)". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16708. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Saxon Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16718. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Queen Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16897. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Capet Peak (Northwest Peak)". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16721. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Catenary Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=2827. Retrieved July 15, 2007.
- ↑ "Teddy Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=2831. Retrieved July 15, 2007.
Надворешни врски
уреди„Логан (планина)“ на Ризницата ? |
- Логан Архивирано на 29 август 2016 г. — Peakware (англиски)
- Канадскиот титан Логан Архивирано на 11 јуни 2014 г. — Виртуелен музеј на Канада (англиски)