Дедеагачки Санџак
Дедеагачки Санџак (турски: Liva-i Dedeağaç, грчки: Υποδιοίκησις Δεδέαγατς) — санџак кој припаѓал на Одринскиот вилает во рамките на Отоманското Царство. Градот Дедеагач (во денешна Турција) бил административен центар на санџакот[1]. Санџакот бил создаден во 1878 година. По неговото распаѓање во 1912 година, санџакот станал дел од Турција и Грција.
Sancak-i Dedeağaç | |||||
Санџак на на Отоманското Царство | |||||
| |||||
Карта од 1907 година, Одрински Санџак | |||||
Главен град | Диметока (1878–1884), Дедегач (1878–1912) | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1878 | |||
- | Прва балканска војна | 1912 | |||
Денес во | Грција Турција |
Историја
уредиСанџакот бил создаден во 1878 година од територијата на санџаците на Галиполе и Одрин, како и на островот Самотракија, кој до тогаш припаѓал на Архипелашкиот Пашалак. Главниот град бил првично во Диметока, но бил преместен во Дедеагач во 1884 година. Диметока подоцна била вратена кон Одринскиот Санџак.[2].
Санџакот се состоел од три кази[2], кои понатаму биле поделени на неколку нахии[1]:
- Каза Дедеагач (денес Александрополис): Ферес, Мекри, Сахинлер, Самтракија, Доганхисар
- Каза Софулу (мод. Суфли): Питикли, Песани, Камберлер-и Бала, Дервент, Еде, Ипсала
- Каза Енез: Енез или Коџа Али.
Од нив, Дедеагач и поголемиот дел од казаните Софулу денес се наоѓаат во Грција, додека казата Енез со делови од казата Софулу источно од реката Марица во Турција.
Санџакот преживеал сè додека не бил окупиран од страна на бугарските трупи во Првата балканска војна (1912-1913), по што делот западно од Марица станал бугарски (по 1919 година, грчки), додека источниот останал под турска контрола (освен за периодот 1919-1922 година, кога бил под сојузничка и грчка контрола).
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Konortas, Paraskevas. Δεδέαγατς Σαντζάκι (1878 - 1912). Θρακικός Ηλεκτρονικός Θησαυρός (грчки). Посетено на 2 March 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (германски). 13. Reichert. стр. 98. ISBN 9783920153568.