Галиполски Санџак

Галиполски Санџак (турски: Sancak-i/Liva-i Gelibolu) — санџак кој припаѓал на румелија во рамките на Отоманското Царство. Градот Галиполе (денес Гелибоку, Турција) бил административен центар на санџакот. Санџакот го опфаќал полуостровот Галиполе и дел од јужна Тракија. Територијата била првата отоманска провинција која била освоена во Европа и повеќе од еден век била главната база на Отоманската морнарица. Потоа, и до 18 век, служела како седиште на Капудан-пашата и главен град на Архипелашкиот Пашалак.

Галиполски Санџак
Liva-i Gelibolu
Санџак на на Отоманското Царство

1376–1920
 

Местоположба на Галиполе
Местоположба на Галиполе
Карта на Одринскиот Пашалак од 1907 година
Главен град Галиполе
Историја
 -  Османлиско освојување 1376
 -  Договор од Севр 1920
Денес во  Грција
 Турција

Историја

уреди

Галиполе секогаш бил место со особено стратешко значење, бидејќи овозможувал контрола на Дарданелите. Уште во времето на Византија, местото служело како поморска база. Османлиите за прв пат стапиле на европска територија во 1354 година со освојување на Галиполе, потпомогнати од земјотрес што ги срушил ѕидините на градот. Галиполе им обезбедил на Османлиите формирање база за напредок на Балканот и воведување даноци за премин преку Дарданелите. Местото станало и седиште на главниот османлиски гувернер во Румелија. Тврдината била освоена од Византија во 1366 година, но Византија била принудена да го врати во септември 1376 година[1].

Галиполе станал главен премин за османлиските војски кои се движеле меѓу Европа и Азија, заштитени од отоманската морнарица, која ја имала својата главна база во градот. Султанот Бајазит I (р. 1389-1402) го реконструирал Галиполе и ги зацврстил ѕидините и пристаништето, но првично, слабата отоманска флота останала неспособна за целосно контролирање на преминот на Дарданелите, особено кога се соочила со Венецијанците. Како резултат на тоа, за време на Отоманско-венецијанската војна (1463–1479) одбраната на теснецот била дополнително зацврстена со две нови тврдини, а Османлискиот царски арсенал бил основан во самиот Истанбул. Галиполе останала главна база на отоманската флота до 1515 година, кога била преместена во Истанбул. После тоа, таа започнала да ја губи својата воена важност, но сепак останала главен трговски центар како најважен премин меѓу Азија и Европа.

Од второто османлиско освојување до 1533 година, Галиполе бил санџак како дел од Румелија[1][2]. Во 1533 година, новиот Архипелашки Пашалак, во кој биле опфатени повеќето брегови и острови на Егејското Море, бил создаден за Хајредин Барбароса, Капудан-паша на Отоманската морнарица (главен адмирал), а Галиполе станало седиште и престолнина на Архипелагот, сè до 18 век, кога седиштето било преместено во Истанбул[1][3].

До 1846 година, санџакот станал дел од Одринскиот Пашалак, а по 1864 година, како дел од Одринскиот Вилает. Делови од покраината биле окупирани од бугарските трупи во Првата балканска војна, но истите биле вратени во Втората балканска војна. За време на Првата светска војна, овде се одвила т.н. Галиполска операција. По војната, санџакот за кратко време (1920-1922) бил окупиран од страна на Грција според одредбите на Договорот од Севр и станал грчка префектура. После грчкиот пораз во Грчко-турската војна од 1919-1922 година, Галиполе бил вклучен во составот на Турција.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Предлошка:EI2
  2. Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (германски). 13. Reichert. стр. 54. ISBN 9783920153568.
  3. Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (германски). 13. Reichert. стр. 101. ISBN 9783920153568.