Дедеагач
(Пренасочено од Александрополис)
Дедеагач (грчки: Αλεξανδρούπολη, Александруполи; турски: Dedeağaç) — град во округот Марица (Еврос), Западна Тракија во североисточниот дел на Грција[1].Претставува административен центар на истоимената општина Дедеагач, дел од административната област Источна Македонија и Тракија. Градот е центар и на Дедеагачката, Трајануполската и Самотракиска епархија на Грчката православна црква.
Градот е сместен на северниот брег на Егејското Море на неколку километри западно од устието на реката Марица (Еврос) во подножјето на ниската планина Овчарица (Цопан). Брои 55 000 жители.
Население
уредиНаселението главно се состои од Грци. Повеќето од нив потекнуваат од бегалци од Азија. Во последните три пописа, бројот на населението се движело како што следи:
- 1981. г. - градот 35.999 на. - Општина -
- 1991. г. - градот 37.904 на. - Општина 41.860 на.
- 2001. г. - градот 48.885 на. - Општина 52.720 на.
Личности
уреди- Родени
- Никола Табаков (1862-1938) — општественк и револуционер
- Тодор Динов (1919-2004) — уметник, аниматор, режисер
- Димитар Митрев (1919-1976) — писател
Наводи
уреди
Оваа статија место во Грција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |