Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка

„Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка“ (хрватски: Debela, keks, čips i ljubavna bol) е роман за деца на хрватската писателка Силвија Шесто Стипаничиќ. Во 2001 година, за овој роман, авторката ја добила наградата „Ивана Брлиќ Мажураниќ“. Романот e објавен на македонски јазик во 2005 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“.

Содржина уреди

Романот се состои од 106 поглавја.[1]

Технички податоци уреди

Книгата има 256 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-715-6. Преводот го извршила Наташа Аврамовска; дизајнот, графичко-ликовното уредување и компјутерската обработка ги извршил Жарко Туниќ; автор на корицата е Здравко Гиров; а лектурата и коректурата се дело на Софија Чолаковска-Поповска. Книгата е отпечатена во печатницата „Илинден 2002“ од Штип.[2]

Наводи уреди

  1. Силвија Шесто Стипаничиќ, Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка. Скопје: Детска радост, 2005.
  2. Силвија Шесто Стипаничиќ, Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка. Скопје: Детска радост, 2005.