Силвија Шесто Стипаничиќ

Силвија Шесто Стипаничиќ (хрватски: Silvija Šesto Stipaničić) (1962, Загреб) - хрватска писателка за деца.

Животопис уреди

Силвија Шесто Стипаничиќ е родена во Загреб, во 1962 година. Во младоста успешно се занимавала со пинг-понг. Во 1993 година, заедно со Мира Гавран, Мислава Брумец и Сузана Јукиќ го основала списанието за драма и проза „Плима“. Силвија Шесто Стипаничиќ е мајка на три деца.[1]

Творештво уреди

Шесто Стипаничиќ започнала да пишува уште во средношколските денови. Нејзиното творештво опфаќа поезија, проза и драмски текстови. Во списанието „Плима“ објавила две драми и приказната „Риба“, а своите поетски творби ги објавувала во неколку весници и списанија, како: „Полет“, „Студентски лист“ и „Вечерњи лист“. Покрај тоа, таа ги објавила следниве дела: збирката поезија „Хризантеми“, романот „Ванда“, романот „Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка“ итн. Во 2001 година, за романот „Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка“ Шесто Стипаничиќ ја добила првата награда „Ивана Брлиќ Мажураниќ“.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Белешка за авторот“, Силвија Шесто Стипаничиќ, Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 251.