Даув Боб Постум ( холандски: Douwe Bob Posthuma  ; Амстердам, 12 декември 1992 година ) бил холандски пејач и текстописец. Тој бил специјализиран за народна музика, а во 2016 година ја претставувал Холандија на Евровизија .

Рани години

уреди

Боб е роден на 12 декември 1992 година во Амстердам . Неговиот татко бил познат дизајнер.

На шестгодишна возраст започнал да свири пијано, првично се фокусирал на класичната музика и џезот . Почнал да свири на гитара на 14-годишна возраст; како пејач бил инспириран од фолк и поп-музиката од 1950 до 1970 година.

Кариера

уреди
 
 
Даув Боб на прес-конференцијата во Стокхолм 2016 година

2012-2013: Роден во невреме

уреди

Во 2012 година учествувал и го освоил конкурсот за најдобар пејач-текстописец во Холандија. Ги свирел песните: Стојам овде беспомошен (англиски: Standing Here Helpless), Икар (англиски: Icarus ), и во финалето Шарени ангели (англиски: Multicolored Angels )

Неговиот прв албум Роден во невреме (англиски: Born In storm) го објавил на 3 мај 2013 година. Тој ги напишал повеќето свои песни за време на одморот во Мароко .

2014-15: Поминете го

уреди

Во јануари 2015 година, тој ја издал својата песна Држи ме (англиски: Hold me). Во февруари 2015 година, тој најавил нов албум кој бил објавен na 15 мај под името Поминете го во соработка со Universal Music Group .

2016-денес: Евровизија

уреди

Во 2016 година тој ја претставувал својата земја на Евровизија во Стокхолм, каде завршил на 11-то место со 153 бода. Тој ја извел песната Успори (англиски: Slow Down) .

Приватен живот

уреди

На 10 март 2016 година во интервју на телевизијата OutTV кажал дека е бисексуалец.