Дасел
Дасел (германски: Dassel) — град во округот Нортхајм, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Дасел | |
Средновековниот ѕид и фахверк куќите во Дасел | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Нортхајм |
Градски единици | 17 окрузи |
Градоначалник | Герхард Мелхинг (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 113,02 км2 |
Надм. височина | 160 м |
Население | 9.698 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 86 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NOM |
Пошт. бр. | 37586 |
Повик. бр. | 05562, 05564 |
Портал | www.stadt-dassel.de |
Местоположба на градот Дасел во рамките на округот Нортхајм | |
Координати | 51°48′12″N 9°41′25″E / 51.80333° СГШ; 9.69028° ИГД |
Се наоѓа близу ридовите Золинг.
Географија
уредиМестоположба
уредиДасел се наоѓа западно од Ајнбек на североисточниот крај на Золинг, јужно од Амтсберге и западно од Елензер Валд. Граничи и со Природниот парк Золинг-Фоглер.
Градски единици
уредиГрадот Дасел е составен од 18 градски единици, додека административното седиште е во Дасел.
|
|
Историја
уредиДасел потекнува од 860 година, кога бил споменат во декрет од Царската опатија Корвеј. Во 1022 година, Хајнрих II Свети, во друг декрет се осврнал на црквата во Дасел. До околу 1113 година, Дасел станал седиште на грофовите од Дасел, чие име потекнува од името на населбата. Откако грофовијата престанало да постои во 1310 година, Дасел бил продаден на Зигфрид II од Кверфурт, бискуп на Хилдесхајмската бискупија. Кратко потоа, во 1315 година, му биле доделени градски права, бидејќи околниот регион припаѓал на Кнежевството Брауншвајг-Волфенбител, односно на неговите непријатели. Откога му биле дадени градски права, жителите на Дасел изграден одбранбен бедем. Градската власт била сместена во замокот Хунесрик, на близок рид. Овој замок бил окупиран од војводите на Брауншвајг-Волфенбител како последица на кавга во 1521 година. Војводата Ерих I наредил да се сруши замокот Хунесрик и наместо него да се изгради замокот Ерихсбург. Дасел бил управуван од таму до 1643 година. Како последица на Триесетгодишната војна, Дасел бил споен со Хилдесхајмската бискупија во 1643 година. Сите нови згради биле изградени во Хунесрик, сместен помеѓу уништениот замок Хунесрик и Ерихсбург. Низ вековите, овие настани го спречиле Дасел да има развој и со тоа бил престигнат од соседниот град Ајнбек, кој бил основан подоцна од Дасел. Дополнително, делови од градот биле уништени во пожари во XIX век. Во тоа време, некои од жителите започнале да ткаат или да тргуваат со тоа, додека други се селеле во САД. На почетокот во XX век, Дасел имал 1.462 жители.[2] Околу 1920 година, бројот на жители се искаќил на 1.601 жител.[3] Во текот на Втората светска војна, градот останал неоштетен. Поради тоа, неколку протерани Германци се населиле во Дасел. На 1 март 1974 година, Дасел се споил со неколку други помали општини долж долината на Илме. Новиот град ја покрива областа на историското Грофовија Дасел, кое престанало да постои во 1310 година. На 15 април 2010 година, Дасел имал 11.434 жители, од кои 2.597 живееле во стариот град.
Главни знаменитости
уреди- Црква „Св. Лаврентиј“ (1447) — готска градба со ренесансни елементи;
- Црква „Св. Михаил“ (1847) — класицистичка градба;
- Старото градско собрание на плоштадот (1817);
- Средновековниот бедем;
- Фахверк куќи;
- Поранешните еврејски гробишта;
- Поранешната железничка станица; и
- Музеј на Грофовијата Дасел.
Образование
уредиГимнацијата во Дасел е именувана по Паул Герхарт. Покрај нејзе, постојат две основни училишта и едно стручно училиште именувано по Рајналд фон Дасел.
Познати луѓе
уреди- Рајналд фон Дасел (1120-1167) — надбискуп;
- Вилхелм Буш (1832-1908) — поет; и
- Хајнрих Дикер (1898-1986) — психолог и градоначалник на Гетинген.
Сообраќај
уредиДасел е крајна станица на приватна железничка линија од Ајнбек од 1883 година. Нејзината должина е 13,1 километар. ВО 1975 година, линијата била затворена за патнички сообраќај, а во 2003 година и за товарниот сообраќај. Потоа, железничката линија била заменета со автобус. Поранешната железничка станица, која била претворена во станбена зграда е добро зачувана.
Дасел е лесно достапен со автобус од соседните градови Ајнбек и Штатолдендорф.
Галерија
уреди-
Црква „Св. Лаврентиј“
-
Црква „Св. Михаил“
-
Средновековниот бедем
-
Поранешната железничка станица
-
Старото градско собрание
-
Поранешната воденица
-
Фахверк куќи
-
Еврејските гробишта
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ W. Keil: Neumanns Orts- und Verkehrslexikon, Bd. 1, S.166. Leipzig 1905.
- ↑ Josef Habbel. Habbels Konversationslexikon, Bd. 1, S. 779. Regensburg 1922.
Надворешни врски
уреди- Дасел на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 28 април 2009 г. (германски)