Дарко Георгиевски

Дарко Георгиевски (3 февруари 1992 година, Скопје) ― македонски ракометен играч кој игра за РК Охрид 2013.[2] Во 2018 година бил повикан во Македонската ракометна репрезентација за Средоземните игри во Тарагона,Шпанија.[3]

Дарко Георгиевски
Лични податоци
Име и презиме Дарко Георгиевски
Роден(а) 3 февруари 1992(1992-02-03)(32 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1,92 м[1]
Тежина 95 кг[1]
Позиција Лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија РК Охрид 2013[1]
Број 39
Сениорски клубови
2008–2009
2009–2012
2012–2013
2013–2014
2014–2016
2016–2017
2017–2018
2018–2019
2019-
Македонија МРК Вардар Скопје
Македонија РК Вардар
Македонија РК Куманово
Македонија РК Пелистер
Франција РК Монтелимар Круаз
Франција РК БАУХБ Белфор
Луксембург РК Ред Бојс
Македонија РК Охрид 2013
Франција Ангерс СЦО

Образование

уреди

Негови родители се Бранко и Соња Георгиевски, а има и браќа Никола и Борјан Георгиевски. Своето основно образование го завршил во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Драчево, а средно образование завршил во гимназијата СУГС „Браќа Миладиновци“ - Скопје, во Драчево. Своето високо образование го продолжил на Славјанскиот Универзитет во Свети Николе.

Кариера

уреди

Својата спортска кариера ја започнал на 12 години. Најнапред започнал да тренира во основното училиште ОУ „Св.Климент Охридски“ во Драчево под раководство на професорот по физичко и здравствено образование. Прв клуб во кој ги направил своите први ракометни чекори е клубот РК Вардар од Скопје каде во младинска категорија го тренирал тренерот Игор Котевски, поранешен македонски репрезентативец.

Професионалната ракометна кариера му започнала на 16 години, во сезоната 2008/2009 во МРК Вардар Скопје.

Сезоната 2010/11 бил преместен во екипата на РК Вардар и потпишал четиригодишен договор по инсистирање на тогашниот тренер Љубомир Савевски. Следната сезона, 2011/2012, бил пратен на позајмица во РК Куманово. Таму поминал две сезони сè до 2013 година. Истата сезона се преселил во РК Пелитер од Битола. Добрите игри во плеј-офот на сезоната му помогнале да биде забележан од страна на ракометен агент од Франција и го искусил првото меѓународно искуство потпишувајќи за Монтелимар Крија[4] , француска екипа која играла во третата лига во француското ракометно првенство.[5] Во Монтелимар останал две сезони, сè до 2016 година. Потоа потпишал во БАУХБ Белфор, Франција. По завршувањето на играчката 2016/2017 сезона, Дарко се решил да одговори на повикот на првиот ракометен мастер тренер во Македонија, Данило Брестовац и да соработуваат во РК Ред Бојс од Диферданж, Луксембург.

Во периодот од 24 јуни до 1 јули 2018, Дарко Георгиевски со Македонската ракометна репрезентација настапил на 18-те Средоземни игри што се одржале во Тарагона,Шпанија. Нашата машка репрезентација на игрите ги отворила на 23 јуни со натпревар против Турција, a ден подоцна играла со Египет, а во групната фаза се сретнала и со селекцијата на Србија.[6]

Моментално игра за РК Охрид 2013 и има важечки договор до крајот на играчката 2018/2019 сезона .

Настапи во Европа

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 [1](англиски)
  2. Охрид се засили со бекот Дарко Георгиевски[мртва врска]
  3. Список на машката прпрезентација на Македонија за Средоземните игри 2018[мртва врска]
  4. „Дарко Георгиевски потпиша за Мотелимар Крија“. Архивирано од изворникот на 2021-09-21. Посетено на 2018-11-05.
  5. Дарко Георгиевски ќе игра во трета лига во Франција
  6. JOCS MEDITERRANIS TARRAGONA 2018[мртва врска]
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 EHF
  8. SofaSkore

Надворешни врски

уреди