Данскиот фолклор се состои од народни приказни, легенди, песни, музика, ора, народни верувања и преданија, пренесувани низ градовите и селата низ земјата, од генерација на генерација, во вид на усна традиција. Како и во соседните земји, интересот за фолклорот се зголемил со новото чувство за национална свест во 19 век во Данска. Истражувачите патувале низ земјата собирајќи бројни народните приказни, песни, поговорки, додека ги набљудувале народните носиите во различните региони. Фолклорот денес е дел од националното наследство, претставен особено од националните и локалните традиции, песните, танците и литературата.

Тролови кои живеат во ридовите, разгледница 1918

Историја

уреди

Како и во остатокот од Европа, интересот за данскиот фолклор бил резултат на националните и меѓународни трендови во почетокот на 19 век. Германското движење на романтизмот се заснова на верувањето дека постои врска помеѓу јазикот, верата, традициите, песните и приказните, и оние кои нив ги практикуваат. Заедничките корени ги охрабрувале жителите на земјата за споделување на концептот на модерна нација. Пристапот се проширил на помалите, угнетените земји чии политичари и интелектуалци работеле кон развивање на свеста на населението за заедничка припадност. Ова се применило за Данска по Наполеоновите војни и губењето на Норвешка во 1814 година и над се после загубата на Шлезвиг кој се припоил кон Германија во 1864. Новата свест за заедничко потекло се родило, поттикнувајќи ги истражувачите да го истражуваат секојдневниот живот на селаните, во време кога народните приказни, поезијата, песните и верувањата почнувале да исчезнуваат. Со документирање на народната култура, овие интелектуалци верувале дека зачувале богатство кое се пренесувало во усната традиција уште од средниот век па дури и порано.[1]

Денес се знае дека само дел од изворите можат да се проследат поназад од ренесансата. Исто така, традициите се промениле со времето, додека нови трендови се раѓале. Истражувања и архивите од 19 век на Свенд Грундвиг, Хенинг Фредерик Филберг и Евалд Танг Кристенсен сепак придонеле за подобро разбирање и вреднување на данскиот фолклор.

Музика и фолклорни танци

уреди
 
Народната танцување во Фредерикшавн, јуни 2009

Низ вековите, танцот бил клучен дел од празнувањата во Данска. Празнични собири често се одржувале на фармите каде синџир ората или кружните танци предвидувале можности секому да се приклучи дури и ако просторијата била преполна. Во 17-ти и 18 век, музиката во Данска можела да се изведува во повеќето области, само преку официјално назначени градски музиканти (дански: stadsmusikanter) кои свиреле заедно со нивните ученици на семејни собири, локални прослави па дури и во црквите.[2] Сепак имало неколку исклучоци, вклучително Борнхолт, Амагер и Фане кои задржале нивни традиции. Бидејќи на градските музиканти не им се допаѓале традиционалните инструменти како што тапани, гајди и корбовата лира, виолината многу се користела за танц музика.[3]

До втората половина на 17 век, полските танцови во двојка биле воведени, особено полс, варијанта на полка, по која наскоро ќе следи менуетот. Танците, кои станале популарни во 19 век вклучувале валцер и дански варијанти на контратанц и плоштадни танци како што се хопса, ринлендер, галоп, свитрит и шотиш.[4]

Оние кои учествувале во свеченостите ги носеле своите најдобри неделни костими, кои се разликувале по малку од регион до регион, но секогаш биле рачно изработени од лен или од волна. Во средината на 19 век, традиционалните костими и танците почнале да изумираат. Но, од почетокот на 20-от век, кога се обновил интересот за националното наследство, голем број на групи почнале да ја оживуваат музиката, танците и носиите. Во 1901 година, Здружението за промоција на данскиот народен танц (дански: Foreningen til Folkedansens Fremme) било основано во Копенхаген, што довело до локални танцови здруженија ширум земјата.[5] Денес постојат над 12,000 играорци кои припаѓаат на 219 локални клубови кои нудат курсеви по музика, танцување и изработка на народни носии.[6][7]

Народни носии

уреди
 
Фредерик Христијан Лунд: Жените од Лесе (1884)

Традиционалните носии на Данска, иако се разликуваат од регион до регион, датираат од периодот помеѓу 1750 и 1900 кога облека често била дома изработена од предиво од волна или лен. Во руралните заедници, производството на облека за членовите на семејството и слугите бил важен дел од секојдневниот живот. Тие биле обично изработувани од волнени ткаенини, ткаени од жените или од страна на професионални ткајачи. Многу од моделите, со ограничени бои од растителни потекло, биле заеднички на речиси сите делови на земјата. Варијации во костимот помеѓу регионите најдобро може да се види во најдобрата женска неделна облека, особено во аранжманот на тоа што секогаш се носело на главата, или во форма на капче или шамија. На главата често се носело капчето, оздола парче лен и шамија да се држи на место, или во широка чипка или во извезен тул. На островот Зеланд, имало традиција да се носат капчиња извезени со златен и сребрен конец.

Здолништа биле долги, носени во слој и секогаш покриени со престилка од свила или вез. Горниот дел на телото е покриено со елек или кошула. Корсет напред зацврстен со врвки се носел во некои региони. Здолништата, елекот и корсетот биле со рабови и украсени со свилена лента, а светла марама се носела околу вратот за да се покријат рамењата и вратот. Како женската, така и машката облека главно била изработена од лен и волна, но нивните панталони често биле од кожа. Долги домашно плетени бели чорапи достигнувале над колената. како додаток на долгите кошули, мажите носеле неколку елеци. Копчињата им биле изработени од сребро иако обично биле од калај па дури и од рог. Мажите и жените главно носеле кломпи, и додека мажите често имале долги кожени чизми и мажите и жените носеле кожни чевли со тока во предниот дел.

Уметникот Фредерик Христијан Лунд, кој патувал низ Данска како војник во Првата шлезвишка војна, се заинтересирал за скицирање на луѓето во локалните носии во различни делови на земјата. Тој ја завршил својата колекција на 31 обоени цртежи во 1864, објавувајќи ги како обоени литографии во Дански национални носии (дански: Danske Nationaldragter).[8]

Народни приказни и легендарни личности

уреди
 
Јохан Томас Лундби: Нисе (1842)

Собирачи

уреди

Во 1817, историчарот на уметност и писател Јуст Матијас Тиеле почнал да прави каталог на доброволна основа, во Кралската библиотека во Копенхаген, каде што составил краток труд со наслов Примероци на данските народните приказни (дански: Prøver af danske Folkesagn). Ова довело до многу позначајни истражувања, делумно инспириран од бајкозбирките на Браќата Грим и делумно со зголемениот интерес за Романтизмот во Данска. Тој патувал низ земјата, запишувајќи легенди, привлекувајќи поддршка од влијателни личности како литературниот историчар Размус Нијеруп, кој напишал предговор нагласувајќи го значење на подвигот. Неговата четиритомна колекција на Дански народни приказни (дански: Danske Folkesagn) била објавена помеѓу 1819 и 1823. Начинот на кој тој ги презентирал приказните, запишувајќи ги како што му ги кажувало  месното население што го среќавал, послужило како пример и работен метод на дополнителните трудови на Свенд Грундвиг, Евалд Танг Кристенсен, Аксел Олрик и Ханс Елекилде кои понатаму документирале легенди и народни приказни низ Данска. Како што Нијеруп предвидел, работа добила дополнителна димензија: "Обезбедување материјал за поетите и теми за понатамошен развој." Неговата збирка навистина имала големо влијание за данското златно доба, давајќи инспирација на бајките на Ханс Кристијан Андерсен, расказите на Стин Стинсен Бличер, драмите на Јохан Лудвиг Хајберг и поезијата на Кристијан Винтер.[9] Тоа ги поставило темелите на регионалното книжевно движење во Данска кое доминирало во елитните книжевни кругови подоцна во 19 век.[10]

Митски фигури

уреди

Бројни дански народните приказни содржат митски фигури како што се тролови, самовили, гоблини, и витови (вид духови) како и ликови, позајмени од нордиската митологија. Нисе е добро позната легендарна фигура во данскиот фолклор, која очигледно датира од претхристијанско време, кога се верувало во постоењето домашни богови. Други скандинавски земји, исто така, имаат слични ликови и постојат сличности со англиските брауни и хоб. Јуст Матијас Тиеле собрал легенди за нисе во неговата збирка Дански народни приказни (1819-1823), кои поттикнале уметници како што се Јохан Томас Линдби да нацртаат јуленисе (божиќно нисе) подоцна во 19 век. Облечен во сиво со шпицеста црвена капа, тој не бил повисок од 10-годишно момче. Традиционално секоја фарма имала свој нисе кој живеел на таванот или во шталата. Суштеството било полезно ако се третирало правилно, на пример, со тоа што му се дава сад со каша со парче путер во тек на ноќта, но ако нема таков третман, може да биде и проблематично.[11][12]

Литература

уреди
  • Беј, Јенс Кристијан, Дански бајки: Збирка популарни приказни и бајки од Данска, Њујорк, издание на Харпер и браќата, 1899[13].
  • Грундвиг, Свен, колекција Дански Бајки. Бостон, 1912
  • Тангерлини, Тимотеј Дански народни приказни, Легенди и други сказни. Сиетл: Универзитет на Вашингтон[14].

Наводи

уреди
  1. "Samlingens historie" Архивирано на 23 ноември 2011 г., Dansk Folkemindesamling. (дански) Retrieved 22 November 2011.
  2. "Stadsmusikanter" Архивирано на 4 август 2012 г., Det Kongelige Bibliotek. (дански) Retrieved 24 November 2011.
  3. Koudal, Jens Henrik. 1997. "The impact of the Stadsmusikant on Folk music" in Doris Stockmann & Jens Henrik Koudal (eds). 1997. Historical studies on folk and traditional music: ICTM Study Group on Historical Sources of Folk Music, conference report, Copenhagen, 24–28 April 1995. Museum Tusculanum Press.
  4. Henning Urup, "Dansk spillemandsmusiks forudsætninger, kilder og særlige karaktertræk" in "Musik og forskning 2", 1976 Copenhagen (дански). Retrieved 24 November 2011.
  5. "Dans" Архивирано на 26 април 2012 г., Dansk Folkemindesamlings arkiv. (дански) Retrieved 24 November 2011.
  6. "National dress and folk dancing" Архивирано на 8 октомври 2011 г., Ministry of Foreign Affairs of Denmark. Retrieved 22 November 2011.
  7. "The National Association of Danish Folk Dancers" Архивирано на 10 март 2016 г., Landsforeningen Danske Folkedansere. Retrieved 22 November 2011.
  8. Frits Lilbæk, "Historiemaler F C Lund: Danske Nationaldragter" Архивирано на 11 јануари 2012 г.. (дански) Retrieved 24 November 2011.
  9. "R. Nyerup", Den Store Danske. (дански) Retrieved 23 November 2011.
  10. "Sites of (re)Collection: A Digital Approach to Five Storytellers in the Folklore Collection of Evald Tang Kristensen" Архивирано на 26 април 2012 г., UCLA. Retrieved 23 November 2011.
  11. "Nisse", Den Store Danske, (дански) Retrieved 23 November 2011.
  12. "Julenissen", Den Store Danske. (дански) Retrieved 23 November 2011.
  13. Bay, J. Christian (Jens Christian) (1899). Danish fairy tales : a collection of popular stories and fairy tales from the Danish of Svend Grundtvig ... [et al.]. New York : Harper.
  14. R., Tangherlini, Timothy. Danish folktales, legends, & other stories. Seattle. ISBN 9780295992594. OCLC 869281709.

Надворешни врски

уреди