Дамчеста барска кокошка

Дамчеста барска кокошка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Жеравовидни
Семејство: Блатни кокошки
Род: Porzana
Вид: Дамчеста барска кокошка
Научен назив
Porzana porzana
Linnaeus, 1766

Дамчестата барска кокошка (научPorzana porzana) е мала крајбрежна птица од семејството блатни кокошки. Ја има во Македонија.

Распространетост

уреди
 
Распространетост: црвено - гнездење; розово - зимување

Дамчестата барска кокошка има малку нејасен и недоволно истражен опсег. Распростарнета е во умерените делови на Европа и западен Сибир, но се среќава и во Азербејџан, Казахстан и Средна Азија, Иран, Монголија и северозападно од Кина. Во Западна Европа е ретка, но ја има во некои области на Италија и Шпанија.[2] Таа е птица преселница која зимува во Африка и Пакистан.

Опис

уреди

Дамчестата барска кокошка е долга 19-22,5 см и е малку помала од барската кокошка од која се разликува по краткиот прав клун, жолт со црвена основа. Возрасните имаат претежно кафеави горни делови и синосиви гради. Пердувите им се обрабени со црно и испрскани со бели точки. Имаат зелени нозе со долги прсти и кратка опашка светлокафена одоздола. Младенчињата се слични, но немаат сивосини гради, туку кафени. Огласувањето на овие птици, особено во сезоната на парење, е карактеристично ноќе, и звукот на мелодично уит-уит-уит може да се слушне на растојание од 1-2 км, а потсетува на капење вода. Тие свиркаат ритмички, околу 60-110 пати во минута. Вон сезоната на парење се тивки и едвај се слуша тук-тук звук. Во случај на опасност гласно крештат.

Размножување

уреди

За гнездeње избрираат влажни места или плитка свежа вода со густа вегетација; мочуришта, блата, мали езера, тивка река и сл. Предуслов се изобилство на грмушки или трска, рогозина или други водни растенија. Гнездото во вид на чинија е во пречник 15-17 см, високо 5-15 см, и 4,5-7 см длабоко, изградено од свежи растенија и добро маскирано и незабележливо ни од страна, ни одозгора. Обично имаат едно легло во сезоната, и несат 8-12 јајца, окер или зеленикавоокер, со црвени или кафени дамки. Ги квачат од 18 до 24 дена и двата родитела. Само неколку часа по испилувањето можат да го напуштат гнездото во кое навечер се враќаат. По околу 20 дена почнуваат самостојно да се хранат, а по 35-42 дена сосема се осамостојуваат.

Исхрана

уреди

Овие птици колваат со нивниот клун во калта или плитката вода или ја здогледуваат храната на површината. Главно јадат инсекти и ситни водни животни.

На дамчестата барска кокошка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Porzana porzana. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Stanley Cramp, K. E. L. Simmons «The birds of the western Palearctic» vol.2. 1980. Oxford University Press