Дамељ
село во Словенија
Дамељ (словенечки: Damelj; германски: Damel)[2] — село над левиот брег на реката Колпа (Купа) во Општина Чрномељ, југоисточна Словенија. Се наоѓа во подрачјето Бела Краина на традиционалната област Долењска, денес во статистичкиот регион Југоисточна Словенија.[3] Во 2020 г. населението броело 37 жители.[1]
Дамељ Damelj | |
---|---|
Стара воденица во Дамељ | |
Земја | Словенија |
Област | Бела Краина |
Стат. регион. | Југоисточна Словенија |
Општина | Чрномељ |
Површина | |
• Вкупна | 3,78 км2 (146 ми2) |
Надм. вис. | 208,2 м |
Население (2020)[1] | |
• Вкупно | 37 |
Дамељ е најјужното населено место во Словенија, сместено на самата граница со Хрватска. Преку реката, од хрватска страна, е селото Дамаљ (во околината на Врбовско), чие име сведочи за заедничкото минато на овие две места.
Селската црква е посветена на Архангел Михаил и ѝ припаѓа на Виничката парохија. Градбата е готски храм, преработен во 1664 г. Главниот олтар е изработен на крајот од XVII век.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. 1906. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 10.
- ↑ Črnomelj municipal site
- ↑ Slovenian Ministry of Culture register of national heritage Архивирано на 12 јули 2010., ešd 2662
Надворешни врски
уреди- Дамељ на Ризницата ?
- Дамељ на Геопедија Архивирано на 14 септември 2021 г.