Дамат Мехмед Али-паша
Дамат Мехмед Али-паша ( 1813 – 1868) – отомански државник и дипломат. Голем везир бил од 3 октомври 1852 до 14 мај 1853, во предвечерието на Кримската војна.[1] Заедно со Мехмед Фуад-паша, Мехмед Емин Али-паша и Коџа Мустафа Решит-паша, бил еден од главните реформатори на танзиматското раздобје.
Дамат Мехмед Али паша | |
---|---|
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 3 октомври 1852 – 14 мај 1853 | |
Монарх | Абдул Меџит I |
Претходник | Мехмед Емин Али-паша |
Наследник | Мустафа Наили-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1813 Хемшин, Османлиско Царство (денес Турција) |
Починал(а) | 1868 Цариград, Османлиско Царство (денес Турција) |
Сопружник | Адиле-султан |
Мехмед али е роден во Хемшин, град на брегот на Црно МореЦрното Море во модерна Турција и бил од хемшинско етничко потекло. Бил син на цариградски дуќанџија и работел во преведувачката канцеларија на Османлиското Царство пред да стане отомански амбасадор во Обединетото Кралство на 26 години. Се оженил со принцезата Адиле-султан, ќерка на султанот Махмуд II, па станал "Дамат" (турски: зет) на Отоманската династија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Countries T“. rulers.org.
- ↑ William L. Cleveland. "A History of the Modern Middle East", Westview Press, 2004, ISBN 0-8133-4048-9, p. 82.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Мехмед Емин Али-паша |
Голем везир на Отоманското Царство 1852–1853 |
Наследник Мустафа Наили-паша |