Гистав Ле Бон

Француски психолог
(Пренасочено од Густав Лебон)

Гистав Ле Бон или Гистав Лебон (фр. Gustave Le Bon, 7 мај 184113 декември 1931) — француски социопсихолог, социолог и аматерски физичар. Бил автор на неколку дела во кои тој разработува теории на национални одлики, расна супериорност, поведение на толпата и психологија на масите.

Гистав Ле Бон
Гистав Ле Бон
Роден(а)7 мај 1841
Ножан ле Ротру
Починал(а)13 декември 1931
Марн ла Кокет
Националностфранцузин
Полињасоцијална психологија
Познат попсихологија на толпата

Неговите тези за поведението на толпата дошле до израз во првата половина на XX век, со нивната примена од страна на медиумски истражувачи како Хедли Кантрил и Херберт Блумер кои сакале да ги опишат реакциите на потчинетите групи на она што се одвива во медиумите.

Ле Бон исто така дал придонес кон постојаните расправи во физиката за суштината на материјата и енергијата. Неговата книга „Еволуција на материјата“ уживала голема популарност во Франција (доживувајќи дванаесет изданија), иако некои негови идеи — особено дека материјата е инхерентно нестабилна и дека таа постојано бавно се претвора во светлоносен етер — биле прифатени од тогашните физичари (меѓу кои и Анри Поенкаре), неговите конкретни формулации не биле од интерес за научниците. Во 1896 Ле Бон изјавил дека забележал нов вид на зрачење кое го нарекол „црна светлина“ (поинаква од она што денес се нарекува црна светлина), но подоцна било утврдено дека таква не постои.[1]

Живот

уреди

Ле Бон е роден во Ножан ле Ротру, Франција и умрел во Марн ла Кокет, близу Париз. Учел медицина, а во периодот од 1860-тите до 1880-тите шетал по Европа, Азија и Северна Африка додека пишувал трудови на тема археологија и антропологија, заработувајќи со изработување на научен иснтрумент. Меѓутоа тој доживеал голем успех со книгата „Психолошките закони на еволуцијата на народите“ или само „Еволуција на народите“ (Les Lois psychologiques de l'évolution des peuples) (1894), првото дело со кое навлегол во стилот кој подоцна му обезбедил слава. Набргу го издал и неговото најчитано дело насловењно како „Психологија на толпата“ (La psychologie des foules) (1895).

Со овие дела Ле Бон си обезбедил почесно место во интелектуалниот живот во Франција. Во 1902 тој почнал да одржува неделни ручеци секоја среда (les déjeuners du mercredi) на кои биле повикувани истакнати дејци од разни полиња за да дискутираат по различни теми. Силината на неговата лична мрежа на познаници и пријатели е лесно воочлива од списокот на повикани: Анри и Ремон Поанкаре (братучеди, физичар, односно претседател на Франција), Пол Валери и Анри Бергсон.

Влијание

уреди

Идеите изразени во „Психологија на толпата“ одиграле значајна улога во раните години на развојот на групната психологија: Фројдовото дело „Масовна психологија и себеанализа“ (Massenpsychologie und Ich-Analyse, 1921) јасно се засновало на критика на Ле Боновото дело.

Ле Бон бил еден од најголемите популаризатори на теории за несвеста во еден критичен момент при формирањето на теориите на општествено постапување.

Вилфред Тротер, познат хирург при Болницата на Универзитетскиот колеџ во Лондон, бележел слични идеи во неговиот труд „Инстинкти на толпата во мир и војна“ (Instincts of the Herd in Peace and War), веднаш пред почетокот на Втората светска војна. Тој бил нарекуван 'популариузатор на Ле Бон на англиски'. Тротер го читал и Фројд, и тој го упатил Вилфред Бион, кој работел за него во болница, кон делата на Фројд, а по некое време тој, заедно со Ернест Џонс, навлегол во полето подоцна наречено групна психологија. Обајцата станале блиски пријатели на Фројд кога тој пребегал од Австрија по аншлусот. Двајцата активно соработувале со Тевикстоковиот институт како клучни научници во истражувањања во полето на групната динамика.

Дали фашистичките теории за водство од 1920-тите произлегле од теориите за психологија на толпата е дискутабилно прашање. Меѓутоа факт е дека делото „Мојата борба“ на Адолф Хитлер во голема мера се заснова на пропагандните техники предложени во „Психологија на толпата“[2][3][4][5]. Едуард Бернес, внук (братанец) на Зигмунд Фројд бил инспириран од Ле Бон и Тротер. Во неговото славно дело „Пропаганда“ тој изјавил дека главна одлика на демократијата е манипулација на масовниот ум по пат на медиуми и рекламирање.

Дела

уреди
  • „Психолошките закони на еволуцијата на народите“ (Les Lois psychologiques de l'évolution des peuples, 1894)
  • Психологија на толпата“ (La psychologie des foules 1895)
  • „Човекот и општеството“ (L'homme et les sociétés, 1881)
  • „Психологија на социјализмот“ (Psychologie du socialisme, 1896)

Наводи

уреди
  1. Helge Kragh, Quantum Generations: A History of Physics in the Twentieth Century (Princeton, NJ: Princeton University Press, 1999): 11-12.
  2. Брилијантен на појадок на blogspot.com (англиски)
  3. Дванаесет часа на Ана Фројд под нацистичка сослушувачка лампа на www.thevillager.com (англиски)
  4. Вагнер и Хитлер на solomonsmusic.net (англиски)
  5. Луѓето зад Хитлер - Фирерот се појавува Архивирано на 2 април 2012 г. на www.toolan.com (англиски)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди