Отвори го главното мени

Ела Марија Лани Јелич-О’Kонор (англиски: Ella Marija Lani Yelich-O'Connor; р. 7 ноември 1996; позната по нејзиното сценско име Лорд англиски: Lorde) — новозеландска кантавторка. Нејзиниот прв деби албум бил The Love Club, кој е издаден во ноември 2012, и нејзиниот прв синглРојалс“ дебитирале на новозеландската топ листа на првото место, а нејзиниот синглРојалс“ на Билбордовата Хот 100 листа, со што таа е првиот самостоен новозеландски артист кој имал број 1 хит во Соединетите Американски Држави и најмлад пејач кој досегнал на топ позицијата на Билборд Хот 100 од 1987 година. Нејзиниот дебитантски албум „Pure Heroine“ e објавен во септември 2013 година.

Лорд
Лорд на Сиднеј Лејнвеј Фестивал 2014
Биографски податоци
Родено имеЕла Марија Лани Јелич-О’Конор
Роден(а)7 ноември 1996 (1996-11-07) (22 г.)
Такапуна, Окленд, Нов Зеланд
Жанровиелектроника - поп - рок
Занимањапејач, текстописец
Инструментивокали
Период на активност2012–денес
ИздавачиUMG - Lava - Republic
СоработнициЏоел Литл
Мреж. местоlorde.co.nz

Со нејзината работа заработила бројни награди и признанија. На 56. Греми награди, Лорд доби 4 номинации, од кои освои за песна на годината и за најдобра поп-соло изведба за песната „Ројалс“.

Ран животУреди

Лорд е родена на 7 ноември 1996 во Окленд. Нејзина мајка е Соња Јелич наградуван новозеландски поет, а нејзиниот татко е Вик О’Конор, кој е градежен инженер. Таа е израсната во приградската населба на Окленд Девонпорт со нејзината постара сестра (Џери), помал брат (Анџело) и помала сестра (Индија). По потекло таа е од Хрватска и Ирска.

ДискографијаУреди

Студиски Албуми
EP

Надворешни врскиУреди