Градска ластовичка

Градска ластовичка
Градска ластовичка снимена во Исланд
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Ластовици
Род: Delichon
Вид: Градска ластовичка
Научен назив
Delichon urbicum
(Карл Лине, 1758)
жолто - лето

сино - зима

Синоними

Hirundo urbica Linnaeus, 1758

Градската ластовичка (Delichon urbicum) е птица преселница, која се размножува во Европа, северна Африка и умерените делови на Азија; а зимува во Сахара, во Африка и во тропските делови на Азија. Mоже да се најде и во природата и блиску до населените места. Таа се среќава и во Македонија.

Опис

уреди

Возрасната градска ластовичка е долга 13 см, со распон на крилјата од 26 до 29 см, и просечно тежи околу 18.3 гр. Има сина глава и горен дел со бел заден и долен дел, кафеави очи и мал црн клун додека неговите канџи како и видливиот дел од нозете им се розови. Половите се слични меѓу себе, но младите ластовички се целосно темноцрни, освен крилјата кои имаат бели краеви. Градската ластовица лета со просечно 4.4 замавнувања во секунда. Оваа ластовица е гласна птица, особено кога се пари.

Распространетост и живеалиште

уреди
 
Градска ластовичка

Најомиленото живеалиште на градската ластовичка се отворените простори со ниска вегетација, како пасишта, ливади и ниви блиску до вода, иако може да се најде во планини со висина најмногу до 2 200 метри. Додека се сели, оваа ластовичка се храни во воздух со инсекти, и најчесто патува преку ден, иако некои птици летаат и ноќе.[2] Преселбата си носи и свои опасности; во 1974 година, неколку стотини илјади ластовички биле најдени мртви или пред умирање на Алпите и околните делови, поради тешките налети на снег и ниските температури. Преживувањето на возрасните ластовички за време на есенската преселба зависи најмногу од температурите, но ниските температури се покритични за младите.

Поведение

уреди

Размножување

уреди
 
Градска ластовичка собира кал за гнездото(Данска)
 
Градска ластовичка

Градската латовичка првично се гнездела во пештери и гребени; и некои колонии кои се гнездат во гребени сè уште постојат, и го градат гнездото под висечка карпа. Денес, овие ластовички најчесто прават гнезда на објекти изградени од луѓето, како што се мостовите и куќите. За разлика од селската ластовичка, градската ластовичка повеќе ги користи надворешните делови од населените објекти, отколку внатрешноста на штали и амбари. Гнездото е во вид на затворена шолја, фиксирана на греда, со тесен отвор на врвот. Се гради од страна на двата пола со кал и пелети коишто ги вградуваат со помош на клуновите, и покриена со трева, или друг мек материјал. Калта ја собираат од вирови, бари или потоци. Оваа ластовичка се размножува колонијално, и гнездата многу често им се блиски едно до друго. Многу е честа групата од помалку од 10 гнезда, но има и колонии кои направиле рекорд од илјадници гнезда. Најчесто се снесуваат 4-5 јајца, со просечни димензии 1.9x1.7 см, и тежат 1.7 гр. Инкубацијата трае 14-16 дена. Новородените пилиња не се способни да се грижат за себе, но по 22-23 дена, зависи од времето тие стануваат независни и го напуштаат гнездото. Овие ластовички најчесто имаат по 2 легла годишно, и првото легло се поправа и употребува одново и одново.

Исхрана

уреди
 
Гнездо со пилиња
Delichon urbicum

Исхраната на градската ластовичка е слична со исхраната на другите ластовички и се состои најчесто од инсекти кои ги фаќа при летање. Овој вид лови на просечна висина од 21м за време на сезоната за парење, но во влажни услови пониско. Најчесто ловат во регион од околу 450 м од леглото.

Ластовицата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Змијата и ластовицата“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[3]
  • „Телеграма од ластовичките“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
  • „Ластовици“ — краток расказ на македонската писателка Лилјана Дирјан.[5]
  • „Непослушното ластовиче“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[6]
  • „Ластовички“ — краток расказ на македонскиот писател Тоде Илиевски.[7]
  • „Ластовици“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[8]
  • „Ластовици“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.[9]
  • „Ластовиче долета“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[10]
  • „Ластовичка“ - краток расказ на македонскиот писател Иван Точко.[11]
  • Ластовица — македонска музичка група.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Delichon urbicum. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Kube, Jan; Kjellén Nils; Bellebaum, Jochen; Klein, Ronald; Wendeln, Helmut: "How many diurnal migrants cross the Baltic Sea at night? Архивирано на 9 декември 2008 г." Instituts für Vogelforschung Poster.
  3. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 11.
  4. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 22.
  5. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 122.
  6. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 49-50.
  7. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 113.
  8. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 40.
  9. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 50.
  10. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 84.
  11. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 17.

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Hirundinidae