Список на градови во Литванија
Во Литванија официјално има 103 градови (литв.: еднина miestas, множина miestai). Според државниот закон статус на град може да добие секоја населба од збиен тип со повеќе од 3.000 жители, во која барем 2/3 од вработените не работат во примарниот сектор за производство (земјоделство, шумарство, лов и риболов). Во посебни случаи и помалите населби со историски наследен статус на град можат да добијат статус на град.[1]
Првите градови во Литванија се појавиле XIII и XIV век. Најстар град во државата е Клајпеда. Повеќето градови во Литванија се стари, настанале пред XVII век, но има и нови, кои настанале како последица на брзата индустријализација на земјата во XX век. Некои настанале од познатите излетнички места и одморалишта.
Повеќето од 103 градови во Литванија се мали и само 19 градови имаат повеќе од 20.000 жители. Среќна околност е нивната рамномерна разместеност по целата територија на државата. Според последниот попис од 2001 г., 66,7% од жителите на Литванија живееле во градовите и овој процент и понатаму расте.
Список на градовите според големината
уредиБр. | Грб | Град | Жители (2001 г.) | Жители (2008 г.) | Статус на град | Округ |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | Вилнус | 554.281 | 544.206 | 1387. | Вилнушки | |
2. | Каунас | 378.943 | 355.586 | 1408. | Каунашки | |
3. | Клајпеда | 192.954 | 184.657 | 1257. | Клајпедски | |
4. | Шјауљај | 133.883 | 127.059 | 1589. | Шјауљајски | |
5. | Паневежис | 119.749 | 113.653 | 1837. | Паневешки | |
6. | Алитус | 71.491 | 68.304 | 1581. | Алитушки | |
7. | Маријамполе | 48.675 | 47.010 | 1792. | Маријамполски | |
8. | Мажејкјај | 42.675 | 40.572 | 1924. | Телшјајски | |
9. | Јонава | 34.954 | 34.446 | 1864. | Каунашки | |
10. | Утена | 33.860 | 32.572 | 1599. | Утенски | |
11. | Кедајњај | 32.048 | 31.055 | 1590. | Каунашки | |
12. | Телшјај | 31.460 | 30.011 | 1791. | Телшјајски | |
13. | Висагинас | 29.554 | 28.269 | 1977. | Утенски | |
14. | Таураге | 29.124 | 27.862 | 1924. | Таурашки | |
15. | Укмерге | 28.759 | 27.603 | 1486. | Вилнушки | |
16. | Плунге | 23.436 | 23.187 | 1792. | Телшјајски | |
17. | Шилуте | 21.476 | 20.945 | 1941. | Клајпедски | |
18. | Кретинга | 21.423 | 21.452 | 1609. | Клајпедски | |
19. | Радвилишкис | 20.339 | 19.625 | 1923. | Шјауљајски |
Останати градови со помалку од 20.000 жители:
Надворешни врски
уреди- Попис на населението од 2001 г. Архивирано на 29 септември 2007 г. (литв.)
- Литвански главен портал Архивирано на 7 јануари 2006 г.
„Список на градови во Литванија“ на Ризницата ? |