Варена
Варена — општина на Комското Езеро во покраината Леко на регионотЛомбардија, Италија. Сместена е 60 км северно од Милано и околу 20 км северозападно од Леко.
Варена | |
---|---|
општина | |
Општина Варена | |
Земја | Италија |
Регион | Ломбардија |
Покраина | Леко (LC) |
Поделоци | Fiumelatte |
Управа | |
• Градоначалник | Карло Молтени |
Површина | |
• Вкупна | 11,2 км2 (43 ми2) |
Надм. вис. | 220 м |
Население (31 December 2010)[1] | |
• Вкупно | 812 |
• Густина | 7,3/км2 (19/ми2) |
Демоним | Varennesi |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 23829 |
Повик. бр. | 0341 |
Мреж. место | www |
Варена е основана од месни рибари во 769 година, а подоцна е сојузник на заедницата на Милано. Во 1126 година била уништена од страна на соперничката заедница Комо, а подоцна добила бегалци од Изола Комачина кој се сретнала со истата судбина во 1169 г.
Варена се граничи со општините: Езино Ларио, Лиерна, Оливето Ларио Перледо. Главните знаменитости се замокот Везио, мал музеј посветен на морскиот влекач лариосаурис од доцниот тријас, како и прекрасните градини на вилата Монастеро. Од другата страна на езерото во покраината Комо се Белаџо, Гријанте и Менаџо.
Вила Монастеро се наоѓа меѓу Варена и Флумелате, а денес е музеј на ботаничка градина и собирен центар. Таа е основана како цистерцијански манастир во XI или XII век. Општината се служи со станицата Варена-Езино-Перледо на железничката пруга Тирано-Леко.
Познати жители
уреди- Џовани Батиста Пирели (1848–1932) — претприемач, инженер и политичар кој го основал „Пирели“ во Милано во 1872 г.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Варена“ на Ризницата ? |
- Proloco Varenna Архивирано на 27 декември 2013 г. (англиски)
- News and Events - Varenna Архивирано на 27 јули 2016 г.
- Varenna Tourist Information Архивирано на 2 февруари 2017 г.