Маријамполе — индустриски град и административен центар на Маријамполскиот округ на југот на Литванија, граничи со Полска и Калининградската Oбласт (Русија), и Виштинецкото Езеро. Градот е центар на етнографскиот регион Сувалкија. Според бројот на население, градот е седми во државата со 38,345 жители (2015).

Маријамполе
Град
Плоштадот Басанавичиус
Знаме на МаријамполеГрб на Маријамполе
Прекар(и): Мајами на Литванија (неофицијално)
Местоположба во Литванија
Местоположба во Литванија
Маријамполе is located in Литванија
Маријамполе
Маријамполе
Местоположба во Литванија
Координати: 54°32′50″N 23°21′00″E / 54.54722° СГШ; 23.35000° ИГД / 54.54722; 23.35000
Држава Литванија
Етнографски регионСувалкија
ОкругМаријамполски
ОпштинаОпштина Маријамполе
Првпат спомнат1337 г.
Градски права од1420 г.
Управа
 • ГрадоначалникВидмантас Бразис
Површина
 • Вкупна21 км2 (8 ми2)
Надм. вис.&1000000000000008600000086 м
Население (2015)
 • Вкупно38,345
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Postal code68001
Повик. бр.(+370) 343
Мреж. местоmarijampole.lt

Историја

уреди

Населбата била првично основана како село наречено "Пашешупе" (на полски: Poszeszupie), по блиската река Шешупе. Како таков градот првпат бил спомнат во 1667 година. Во 18. век селото, кое во тој период припаѓало на католичката црква, пораснало и станало пазариштен град и неговото име било променето во Старпол или „Старополе“.[1] Населбата била уништена од пожар во 1765 година.

По несреќата сопругата на современиот старешина на Приенај, Франчиска Шчука, финансирала нова црква и манастир за религозната конгрегација Маријани.[1] По основањето на манастирот, нов град бил изграден во областа. Тој бил именуван "Марјампол", по Богородица Марија, со наставката -пол озчачувајќи град.[2]

На 23 февруари 1792 година, кралот Станислав II Август Поњатовски му доделил градски права на градот и привилегии за огранизирање пазари. По поделбата на Полска градот накратко бил дел од Прусија. Сепак, по наполеоновите војни тој бил вратен на Кралството Полска. Во 29. век градот продолжил да се развива, најмногу благодарение на големиот број на еврејски и германски населувачи. Во 1817 градот станал седиште на одделниот округ во административниот систем на кралството.[1] Во 1827 година градот имал 1759 жители. До 1861 година бројот се искачил на 3718 жители, од кои 3015 биле Евреји.[1] Пожар уништил многу дрвени куќи во 1868 година. Поради тоа, биле изградени многу куќи од камен.[3]

По јануарското востание и руското поттиснување на Полско-литванската Државна Заедница, округот Марјампол бил сериозно намален.[1] Во тој период манастирот добил значење бидејќи бил единствениот манастир во сопственост на Маријаните кој не бил затворен од царските власти. Околината на градот била главно населена од Литванци,[1] со што градот станал центар на литванската национална преродба. Близината на пруската граница довеeло до полесен шверц на книги на литвански јазик, кои биле забранети во Царска Русија. Најзначајни образовани луѓе и писатели активни во Маријампол во тоа време биле Казис Гриниус, Јонас Јаблонскис, Винцас Кудирка и Антанас Венцлова.

По првата светска војна градот станал дел од Литванија и бил преименуван во денешното име. Во текот на втората светска војна градот бил окупиран од Германија. На 1 септември 1941, некаде помеѓу 5,000 и 8,000 Евреји од Маријамполе, Калварија и пошироко - заедно со луѓе од различни потекла - биле убиени. Нивните тела биле оставени во масовна гробница близу реката Шешупе. Поголем дел од убијците биле литванци.[3][4] Како резултат на војната, градот бил силно уништен и речиси испразнет. По војната градот бил повторно изграден и населен со имигранти од другите делови на Литванија.

На 9 април 1955 година, властите во Литванската ССР уште една го преимнувале градот, овој пат во „Капсукас“, по литванскиот комунистички политичар Винцас Мицкевичиуш-Капсукас. Старото име на градот било вратено откако Литванија добила независност.

Сообраќај

уреди

Маријамполе е достапен железнички, преку железничката линија Каунас-Шештокаи-Алитус. Градот се наоѓа на раскрсницата на два автопата. Европскиот пат Е67 го поврзува Хелсинки со централна и јужна Европа. Европскиот пат Е28 ги поврзува градовите Калининград со Минск.

Спорт

уреди
  • ФК Судува. Фудбалски клуб, Шампион на Литванија (2017, 2018).

Збратимени градови

уреди

Маријамполе е збратимен со:[5]

Значајни личности

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 various authors (1885). Filip Sulimierski; Bronisław Chlebowski; Władysław Walewski (уред.). Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich (полски). VI. Warsaw: Wł. Walewski. стр. 146. Посетено на 2008-08-29.
  2. Cognate with the Greek suffix -polis. The modern Lithuanian name of the town also follows the same etymology. It is to be noted that there are at least ten settlements of the same name in modern Poland, Ukraine and Belarus, all sharing a similar etymology.
  3. 3,0 3,1 Translation of the Marijampolė chapter from Pinkas Hakehillot Lita
  4. „The Jaeger Report“. Архивирано од изворникот на 2013-03-11. Посетено на 2016-10-18.
  5. „Sister cities“. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 4 May 2014.

Надворешни врски

уреди