Зорица Нушева

македонска глумица

Зорица Нушева (Делчево)[1]) — македонска глумица.

Зорица Нушева на Берлинале 2019.
Зорица Нушева (2019).

Животопис

уреди

Првото сценско искуство Нушева го стекнала на училиште со рецитации и како хорска пејачка.[2] Во 2007 година завршила студии за глума на Факултет за драмски уметности (ФДУ) во Скопје.[3]

Нушева работи првенствено како театарска глумица во комични претстави. Член е на ансамблот на Театар Комедија од Скопје.[4] Во 2019 година го имала своето филмско деби со „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ од Теона Стругар Митевска. Во социјалната сатира, Нушева ја презема насловната улога на невработена, фрустрирана Македонка која како жена незаконски интервенира во верска поворка резервирана за мажи. За оваа изведба ѝ била доделена глумечка Награда на Фестивалот на европски филм во Севиља истата година.[5]

Нушева е мажена и живее во Скопје. Таа е мајка на две деца.[1]

Филмографија

уреди

Награди

уреди
  • 2019: Фестивал на европски филм во Севиља – најдобра глумица (Господ постои, името ѝ е Петрунија)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 ЗОРИЦА НУШЕВА КАКО ПЕТРУНИЈА ГО РАЗВЕСЕЛИ БЕРЛИНАЛЕ. In: sdk.mk, 11. Februar 2019 (abgerufen am 16. Februar 2019).
  2. Интервју Зорица Нушева: Секогаш носам насмевка од милион долари. In: fashionel.mk, 26. Dezember 2014 (abgerufen am 16. Februar 2019).
  3. Profil bei facebook.com (abgerufen am 16. Februar 2019).
  4. Englischsprachiges Presseheft zum Film, S. 4 (PDF-Datei, 718 KB).
  5. Zorica Nusheva – Awards. In: imdb.com (abgerufen am 11. Dezember 2019).

Надворешни врски

уреди