Пеце Ристевски (20 март 1950, Битола, тогашна СР Македонија, СФРЈ) — е македонски метеоролог и климатолог.

Пеце Ристевски
Роден 20 март 1950
Битола
Занимање професор, метеоролог и климатолог

Животопис

уреди

Пеце Ристевски (Sc.D.) своето основно образование го стекнува во родната Битола, од каде како републички стипендист продолжува во Средно хидрометеоролошко училиште, во Белград (1965/1969 г.).  

Со звањето Дипломиран метеоролог, се стекнува на Природно математичкиот Факултет - Белград (1969/1974 г.), каде што е запишан и на магистерски студии до 1985 година, како експерт за Времето и климата на Југославија.

Со звањето Доктор по метеорологија (Sc.D.) се стекнува на Националниот институтот за метеорологија и хидрологија при Бугарската академија на науките, во Софија, Бугарија. Одбранетата Докторската дисертација е под наслов: „Климата и агроклиматски ресурси во Република Македонија“.

Својот работен век, цели 40 години, ги поминува во тогашниот Републички хидрометеоролошки завод (денес Управа за хидрометеоролошки работи) во која започнува како стручен соработник, преку шеф на метеоролошка мрежа, Началник на повеќе одделенија (климатологија и техничка метеорологија, Метеоролошко климатолошко), како самостоен стручен соработник за климатологија и медицинска метеорологија, па советник и државен советник.

Научна дејност

уреди

Во научната и образовната сфера во неколку наврати е ангажиран како асистент на Институтот за физика, при Природно математичкиот факултет при УКИМ, за предметите Општа метеорологија, Климатологија, Применета метеорологија и Анализа и прогноза на времето.

Исто така, бил ангажиран како Професор по предметот Метеорологија и Воздухопловна  метеорологија на Воената академија во Скопје,  во  учебната 2013/2014, 2016/2017 и 2017/2018 година.

Во својот професионален работен век бил дел од битни тела, како:

  • Член е на Комисијата за климатологија (CCL) на Светската метеоролошка организација (WMO) 1997-2008
  • Член е Друштвото за нови и обновливи видови на енергија на Република Македонија
  • Член е МАКО-ЦИГРЕ (Македонскиот комитет за надземни води)

Значајно е да се спомне дека од 1984 година ангажиран е во Движењето на младите природници и техничари, во организација на Народна техника на Република Македонија, при што учествува во организирање на натпреварите по метеорологија, секоја година на градско ниво (на територијата на Скопје и скопскиот регион) и државно ниво (во Република Македонија). Со тоа во континуитет повеќе од 35 години придонесува за анимирање и афирмирање на метеоролошката наука кај најмладите.

Автор и соавтор е на бројни научни трудови (преку 60 научни и стручни трудови, печатени во домашни или странски научни списанија, или пак презентирани на научни собири во земјата и странство), публикации, книги и учебници, од кои како најзначајни за споменување се:

1. Учебник по метеорологија со климатологија за средни шумарски училишта во 1993 година (прва објавена книга на македониски јазик  по метеорологија и климатологија),

2. Научен проект (книга) издание на МАНУ во 1996 година, како соавтор со академик проф. д-р Филиповски Ѓорѓи и проф. д-р Ризовски Радослав: со наслов: Климатски и почвено-вегетациски зони (реони)  на Република Македонија,  

3. Брошура ,,Климатски систем, клима и климатски промени,, во издание на Црвениот крст на Република Македонија 2012 година.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди