Господство Верле
Господство Верле (германски: Herrschaft Werle) — територија на Светото Римско Царство во периодот од 1235 до 1436 година во денешна Мекленбург-Западна Померанија.
Господство Верле Herrschaft Werle (германски)
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1235–1436 | |||||||||
Статус | Вазалство | ||||||||
Главен град | Верле | ||||||||
Говорени јазици | Горна Германија | ||||||||
Уредување | Кнежевство | ||||||||
Историски период | Среден век | ||||||||
• Основана | 1235 | ||||||||
• Поделба: В-Гистров и В-Пархим | 1277–1307 | ||||||||
• Поделба: В-Гистров and В-Голдберг | 1316–74 | ||||||||
• В-Гистров се оделиле се создала В-Варен | 1337–1425 | ||||||||
• Вратена во Мекленбург | 7 септември 1436 1436 | ||||||||
|
Историја
уредиОва господство било основано во 1235 година по првата главна поделба на Мекленбург и по смртта на принцот Хајнрих Борвин II (1170-1226). Како господство било наречено на тогашниот главен дворец Бург Верле кај Гистров. Замокот се наоѓал кај Верле, денес дел од градот Касов.
Династијата Верле е по странична линија во сродство со династија Мекленбург.
Основач на династијата и прв господар на Верле бил Никола I (1227-1277), вториот син на Хајнрих Борвин II. Господството се распаѓало на неколкупати, на господства. Во 1282 година било формирено Верле-Гистров и Верле-Пархим (до 1316). Двете линии во 1292 година повторно биле обединети од страна на Никола II(1283-1316). Во 1316 година се создавле Верле-Гистров (до 1436) и Верле-Голдберг (до 1374). Во 1337 година од првата линија се одвоила Верле-Варен (до 1425).
Последниот господар на Верле-Варен и кнез на Венден бил Кристоф (1385 / 1395-1425), син на Јован VI (1382-1385 / 1395). Со смртта на последниот регент, неговиот братучед Вилхелм, од 1426 година кнез на Венден, без машки наследници на 7 септември 1436 година, господството повторно било припоено кон на династија Мекленбург.
Сите регенти на Мекленбург започнале да ја носат титулата кнез на Венден (Fürst zu Wenden) до крајот на монархијата.
Господари
уредиНадворешни врски
уреди- Regents of Mecklenburg, in the Tacitus Historical Atlas.