Горјан Јовановски

македонски еко-активист и инженер

Горјан Јовановски (р. 1993, Скопје) — македонски еко-активист, претприемач и софтверски инженер, кој работи на подигнување на свеста за загадувањето на воздухот преку технологија. Во 2014 година, тој ја создал мобилната апликација Мој Воздух, која користи отворени податоци за визуелизирање на загадувањето на воздухот, а нејзиното лансирање предизвикало протести на национално ниво во Македонија и Србија[1] од страна на граѓаните кои бараат локалните власти да преземат посериозни активности за решавање на ова прашање.

Горјан Јовановски
Горјан во 2018
Роден(а)1993 (воз. 30–31 г.)
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
ОбразованиеУниверзитет во Амстердам
Занимање
  • Активист
  • Програмер
Познат(а) поАктивизам, МојВоздух
НаградиЕвропски млад иноватор 2020
Страница
gorjan.rocks

МојВоздух

уреди

Мој Воздух (од 2019 AirCare) е мобилна апликација која користи податоци од мерните станици за квалитет на воздухот за да го мапира и визуелизира загадувањето на Балканот. Лансиран во декември 2014 година, а во моментов има над 200.000 преземања.[2] МојВоздух акумулира податоци од владините, волонтерските и сателитските мерни станици од Европската вселенска агенција, собирајќи ги за полесен пристап од крајните корисници. Во апликацијата се прикажуваат мерните вредности за присуство честички, азот диоксид, јаглерод моноксид, сулфур диоксид и озон.

Лесниот пристап до информации преку апликацијата довело до повеќе протести на национално ниво во Македонија[3] и Србија[4] и одговор на македонската влада насловен како „План за чист воздух“.[5] За МојВоздух имаат пренесено повеќе меѓународни медиумски куќи како Форбс[6] и Гардијан,[7] како и американската аеронаутичко-вселенска управа НАСА[8] и Обединетите нации.[9]

Во 2020 година, Горјан бил прогласен за Европски млад иноватор од Светскиот самит за награди на ОН, за неговата работа на подигнување на свеста за загадувањето на воздухот преку МојВоздух.[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Selmani, Adrijana. „The Air Pollution in Macedonia Is Bringing People Into the Streets, And There's an App for That“. Global Voices. Посетено на 22 January 2016.
  2. „AirCare - Apps on Google Play“. Google Play.
  3. „Битолчани излегоа на протест за чист воздух“. Radio MOF. Radio MOF. Посетено на 17 December 2019.
  4. „Protest za čist vazduh u Beogradu“. Radio Slobodna Evropa. Radio Free Europe. Посетено на 17 January 2020.
  5. „Владата направи план за чист воздух: Нема веќе греење на јаглен или нафта“. Pulseinfo.mk. Посетено на 15 November 2018.
  6. Banovic, Rebecca. „Meet The Macedonian Software Engineer Fighting Air Pollution With An App“. Green Tech. Forbes. Посетено на 12 January 2019.
  7. Maassen, Paul. „Six ways for citizens to assert power beyond the ballot box“. Public Leaders Network. The Guardian. Посетено на 21 July 2017.
  8. Scott, Matt. „Improving Lives & Air Quality through Open Data Innovation“. openNASA. NASA. Посетено на 13 November 2017.
  9. „The most polluted capital in Europe, you didn't even know about“. UN Environment. United Nations. Архивирано од изворникот на 2020-11-08. Посетено на 28 November 2018.
  10. „AirCare WSA“. WSA.