Самрак (филм)
„Самрак“ (српски: Сутон) — југословенски филм од 1982 година. Режисер на филмот е Горан Паскаљевиќ, а главните улоги ги играат: Карл Малден, Павле Вуисиќ, Столе Аранѓеловиќ итн.[1]
Синопсис
уредиМарко Секуловиќ (го игра Малден) живеел и работел во САД дваесет години. По пензионирањето, тој се враќа во родната Истра, каде живее како вдовец, грижејќи се за двете внучиња Иван и Ана. Тие зрело и одговорно му помагаат на дедото во управувањето со имотот, додека нивните родители се на работа во Германија. Меѓутоа, пристигаат гласови дека родителите во меѓувреме се развеле при што таткото нема намера да се врати. Дедото настојува таа вест да ја скрие од децата...