Глутарна киселина
Глутарната киселина е органско соединение со хемиска формула C3H6(COOH)2. Иако сличните "линеарни" дикарбоксилни киселини адипинска и килибарна киселина се растворливи во вода само неколку проценти на собна температура, растворливоста на глутарната киселина во вода е над 50% (w/w).
Претпочитано име по МСЧПХ: Пентандионска киселина | |
Други називи Глутарна киселина | |
Назнаки | |
---|---|
110-94-1 | |
ChEBI | CHEBI:17859 |
ChEMBL | ChEMBL1162495 |
ChemSpider | 723 |
DrugBank | DB03553 |
EC-број | 203-817-2 |
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
KEGG | C00489 |
PubChem | 743 |
| |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Биохемија
уредиГлутарната киселина е присутна во живите организми, а се јавува како продукт на метаболизмот на некои аминокиселини, вклучувајќи ги лизин и триптофан. Дефектите во овој метаболен пат можат да доведат до состојба наречена глутарна ацидурија, каде токсичните нуспроизводи се натрупуваат и можат да предизвикаат тешка енцефалопатија.
Добивање
уредиГлутарната киселина може да се добие со отворање на прстенот на бутиролактонот со калиум цијанид, за да се добие мешан калиум карбоксилат-нитрил кој се хидролизира до глутарна киселина.[1] Хидролизата, проследена со оксидација на дихидропиран, исто така, дава како производ глутарна киселина. Таа може да се добие и со реакција на 1,3-дибромопропан со натриум или калиум цијанид, при што прво се добива динитрил, кој потоа подлегнува на хидролиза.
Употреба
уреди- 1,5-пентандиол, чест пластификатор и претходник на полиестери, се произведува со хидрогенација на глутарна киселина и нејзините деривати.[2]
- Самата глутарна киселина се користи во производството на полимери, како што се полиестерските полиоли и полиамиди. Непарениот број на јаглеродни атоми (т.е. 5) е корисен за намалување на еластичноста на полимерот.[3]
- Увитонската киселина се добива со реакција на амонијак со глутарна киселина.
Наводи
уреди- ↑ „http://www.orgsyn.org/demo.aspx?prep=cv4p0496“. www.orgsyn.org (англиски). Посетено на 2018-07-08. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ Werle, Peter; Morawietz, Marcus; Lundmark, Stefan; Sörensen, Kent; Karvinen, Esko; Lehtonen, Juha (2008-07-15). „Alcohols, Polyhydric“. Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry (англиски). Weinheim, Germany: Wiley-VCH Verlag GmbH & Co. KGaA. doi:10.1002/14356007.a01_305.pub2. ISBN 3527306730.
- ↑ Hosseini, Majid; Makhlouf, Abdel Salam Hamdy (2016-05-14). Industrial Applications for Intelligent Polymers and Coatings (англиски). Springer. ISBN 9783319268934.
Надворешни врски
уреди- Сметач: Активитет на вода и растворена супстанца во воден раствор на глутарна киселина Архивирано на 11 мај 2009 г. (на англиски)