Глома
Глома (норвешки: Glomma или Glåma) — најголема и најполноводна река во Норвешка, сместена во јужниот дел на земјата. Долга е 598 км, а сливот зафаќа 13% од територијата на земјата.
Глома Glomma / Glåma | |
Река | |
Глома кај Елверум
| |
Потекло на името: старонордиски: Glaumr, од raumr: „врева, тресок" | |
Земја | Норвешка |
---|---|
Притоки | |
- леви | Ворма |
- десни | Рена |
Извор | Еурсунд |
- место | Рерус, Јужен Тренделаг, Норвешка |
- височина | 690 м |
- координати | 62°37′06″N 11°48′11″E / 62.61833° СГШ; 11.80306° ИГД |
Утока | Фредерикстад |
- местоположба | Фредерикстад, Естфол, Норвешка |
- височина | 0 м |
- координати | 59°13′04″N 10°55′51″E / 59.21778° СГШ; 10.93083° ИГД |
Должина | 604 км |
Слив | 42.000 км2 |
Истек | |
- просечен | 720 м3/с |
- максимален | 4.700 м3/с |
Географија
уредиРеката извира во Еурсунд кај Рерус во Јужен Тренделаг и се влева во фјордот Ослофјорд кај градот Фредерикстад. Најважна притока е Ворма, која истекува од езерото Мјеса и ѝ се приклучува на Глома кај Нес. Езерото добива значајно количество вода од реката Логен (Гундбрандалслоген), во која се слеваат водотеците на големата долина Гудбрандсдал и така значајно го зголемуваат обемот на Глома.[1]
Поречието е богато со шуми и руда, а полноводноста овозможува лесен превоз на суровините, и затоа претставува значаен стопански чинител во регионот со векови. Денес кај устието се наоѓаат мошне значајни производствени и обработувачки капацитети, потпомогнати од хидроенергетските поволности и доброто пристаниште.
Во најгорните делови на Гломската Долина (Гломадал), реката оди на надморска височина од 500 м (во Естердален) и малку пониско во Гудбрандсдал. Шумската граница од брези се протега на височина од 900 м во Естердален. Над Рерус, шумата е ограничена на тлото од долината.
При утоката во езерото Ејерен кај Фетсунд, Глома ја образува најголемата внатрешна делта во Европа, достигнувајќи ја спротивната страна на езерото по кратка оска.Реката носи огромни количества наноси, кои се експлоатираат за производство на градежни блокови наменети за темели.
Име
уредиВо окрузите Естфол и Аксерсхус, реката е позната под обликот Glomma, додека пак во Хедмарк и Јужен Тренелаг, истата се води како Glåma, што воедно се чита малку поинаку. Во далечното минато, се нарекувала Glaumr, што потекнува од старонордискиот поим raumr = „врева, тресок“.
По реката се наречени неколку места, како што се Гломдал и Гломос.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Fullerton, Brian; Williams, Alan F. (1972). Scandinavia: An Introductory Geography. New York: Praeger Publishers.
Надворешни врски
уреди„Глома“ на Ризницата ? |
- Водич низ Глома (англиски)
- Здружение на граѓани „Пријатели на Глома“ Архивирано на 12 септември 2017 г. style="background:#FFC7C7;color:black;vertical-align:middle;text-align:center;" class="table-no"|Не
Галерија
уреди-
Ракавите на глома во езерото Ејрен
-
Глома низ долината Алвдал
-
Мост на Глома во Фредерикстад
-
Утоката на притоката Ворма
-
Глома во Елверум зиме