Јужен Тренделаг
Јужен Тренделаг (норвешки: Sør-Trøndelag) — поранешен округ во средишниот дел на Норвешка. Административен центар бил Трондхејм. Според пописот извршен во 2004 г. округот имал 270.266 жители и зафаќал површина од 18.848 км2.
Укинат е на 1 јануари 2018 г. кога е споен со Северен Тренделаг според изгласаното во 2016 г., образувајќи го округот Тренделаг.[1]