Елверум (норвешки: Elverum) е град во Норвешка. Градот е во рамките на покраината Источна Норвешка и е втор по големина и најважен град во округот Хедмарк. Има статус на град од 1996 година.

Поглед кон Елверум

Географија

уреди

Градот Елверум се наоѓа во источниот дел на Норвешка. Градот е 150 километри североисточно од главниот град Осло.

Елверум се наоѓа во централниот дел на Скандинавскиот Полуостров, во областа Естердален. Градот се развил во долината на реката Глома, најголемата во Норвешка. Долината е релативно широка, па градот стигнува само до првите ридови наоколу. Според тоа, надморската височина на градот е од 180 до над 220 м.

Историја

уреди

Првите траги на населување на местото на денешниот Елверум се појавуваат во праисторијата, но постојана населба немало до 17 век. Тогаш во шведско-норвешката војна се забележува стратешкото значење на оваа позиција, па во 1673 година започнала изградбата на тврдината.

Од почетокот до поновото време населбата имала воен карактер, па дури во 1996 година добила градски права.

За време на петгодишната окупација на Норвешка (1940-45) од страна на Третиот Рајх, Елверум и неговото население не страдало значително. Сепак, околината на градот била позната по партизанските битки.

Население

уреди

Денес, Елверум има околу 14.000 жители во границите на градот или околу 20.000 жители во поширокото градско подрачје. Во последните години бројот на жители во градот расте со годишна стапка од над 0,5%.

Стопанство

уреди

Стопанството на Елверум традиционално се засновало на индустријата и активностите поврзани со војската. Во последниве години, важноста на туризмот, трговијата, бизнисот и услугите се зголемува.

Збирка на слики

уреди

Надворешни врски

уреди