Глаучица (Липково)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Глаучица

Карта

Местоположба 42°10′33″N 21°34′41″E / 42.17583° СГШ; 21.57806° ИГД / 42.17583; 21.57806
Основни податоци
Место Липково
Општина Липково
Тип

 населба


Период железно време
раноантичко време
Портал „Археологија“

Глаучицаархеолошко наоѓалиште во кумановското село Липково, Општина Липково. Претставува населба од железното и раноантичкото време.

Лежи на 1,5 км северозападно од селото, на јужниот крај на еден планински гребен што се издига над левиот брег на Липковска Река, денес акумулационото Липковско Езеро. На врвот има плато со неправилна триаголна основа, кое се спушта кон југозапад. Платото е одделено од другиот дел на гребенот со длабок напречен ров. Од внатрешната страна на ровот се издига импозантна могила висока 10 м и со пречник во основата од 20 м. Јужно и западно од могилата, по рабовите на платото има траги од насип подигнат од камен, кои се губат во пониските делови на теренот. Поради падот на платото површинските слоеви се свлечени со ерозијата, а со тоа и археолошките остатоци.

Така во југозападното подножје се најдени многубројни фрагменти од керамички садови со фактура, боја и орнаменти типични за железното време. Има и фрагменти од сива керамика работена на колце, од раноантичкото време.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 211. ISBN 9989-649-28-6.